ПРОГРАМА ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА (акценти) 2018

ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА КОИ ЌЕ ФУНКЦИОНИРА ПАРТИЈАТА

  • Широка партиципативна демократија (E-Демократија)

  • Политичар не е професија - воспоставување на практиката на “zero-cost politics”, односно  политика со минимални трошоци. Ниту еден функционер да не може повеќе од два пати да биде избран на било која политичка функција, без разлика дали е на локално или национално ниво; намалување на бројот на политички функции на секое ниво; намалување на трошоците за функционирање; еден функционер - една функција

  • Нулта корупција. Забрането учество во политиката на поединци кои имале или имаат криминално досие.​

​​​

I ОСНОВНИ ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА СЕ​​

  • Непроменливост на уставното име на Република Македонија и унитарниот карактер на државата

  • Македонскиот јазик е единствен официјален јазик на територијата на целата држава

  • Гарантирање на правата на сите етнички заедници во согласност со практиките за мултикултурност на современите демократии, а врз база на претходно спроведен кредибилен попис на населението во Република Македонија

  • Бескомпромисно воспоставување на силна правна држава и доследно почитување на Уставот и законите, подеднакво за сите граѓани на Република Македонија

  • Претставки и ревидирање на сите неуставни и незаконски одлуки и процеси, и неселективна одговорност за кршење на Уставот и законите

  • Борба против секој вид на корупција и против дерогативните ефекти на корупцијата врз луѓето, општеството и економијата

  • Силна поддршка на родовиот корпус на прашања, промовирање и поддршка на жената во политичкиот и општествениот живот

  • Професија, углед и заслуга, а не партиска книшка, со тоа градење на независни институции

  • Демократизација преку строго раздвојување на законодавната, извршната и судската власт

  • Градење на силно, модерно и достоинствено образование

  • Надворешна политика заснована на стратешки истражувања и цели

  • Заштита на националните блага и екосистеми, меѓу кои и водите, минералните суровини и археолошкото богатство

  • Чиста и безбедна животна средина во чија основа лежи целосна гасификација

  • Рамномерен регионален развој и развој на урбаните целини

  • Модерна патна и железничка инфраструктура и непрекинат развој на авиосообраќајот

  • Силен акцент на поддршка на малите бизниси

  • Привлекување на инвестиции во форма на R&D (Истражувачки и Развојни) Центри како една од мерките за борба против “одлевањето на мозоци”

  • Стратегија за враќање на висококвалификуваните млади кои ја напуштија земјата

  • Република Македонија со едноцифрена невработеност

  • Вклучување на дијаспората од соседните и подалечните држави во политичкиот и општествениот живот, и враќање на грижата за Македонците надвор од границите на Република Македонија

  

НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ​​

  • Непроменливост на уставното име на Република Македонија и унитарниот карактер на државата

  • Македонскиот јазик е единствен службен јазик на територијата на целата држава и во меѓународната комуникација

  • Ревидирање на сите неуставни одлуки и одговорност за кршење на Уставот

  • Гарантирање на правата на сите етнички заедници во согласност со практиките за мултикултурност на современите демократии

  • Институт за стратешки истражувања, градење на национална стратегија и платформа за обединување

  • Одржување попис

 

 

II ДЕМОКРАТИЈА И ПОЧИТУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ​​

 

ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА, глас за демократија, глас за слобода, правда, еднаквост и солидарност. Глас за Република Македонија која ќе ја гарантира еднаквоста на сите граѓани преку владеење на правото и доследно почитување и спроведување на законите. Глас за заштита на традиционалните вредности и историскиот идентитет на Република Македонија и прифаќање на прогресивните, современи трендови и стандарди.

 

Слободни и фер избори

  • Промена на Изборниот законик во смисла на промена на моделот на финансирање на партиите,

  • Веродостоен избирачки список,

  • Биометриско препознавање на гласачите,

  • Рамноправно медиумско покривање

  • Една изборна единица со пропорционален модел

​​​

Поделба на власта и демократска контрола на власта

  • Институции кои се засноваат на компетенции и професија, не на партиска книшка

  • Строга поделба на законодавна, извршна и судска власт

  • Ослободување на Собранието како продолжена рака на извршната власт

  • Народни, наспроти исклучиво партиски пратеници

  • Децентрализација на власта и учество на јавноста во донесувањето на одлуките

​​​

Човекови права и слободи

  • „сите човечки суштества се родени еднакви и слободни во достоинството и правата“. Член 1 од Универзалната декларација за човекови права, усвоена од Обединетите нации во 1948 година, се однесува на главните столбови на системот на човекови права, а тоа се слободата, рамноправноста и солидарноста.

​​​

Слобода на медиумите

  • Во процесот на изградба и креирање на демократски амбиент неопходно е да се обезбеди слободно, професионално и непристрасно информирање на граѓаните.

​​

 

III ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И БОРБА СО КОРУПЦИЈАТА​​

Како до правна држава со нулта корупција:

  • Враќање на довербата на граѓаните во кредибилитетот на правосудните и другите државни институции надлежни за спроведување на правдата и борба со корупцијата

  • Борба против клиентелизам, непотизам, хронизам и други практики на вработување, професионално напредување или каков и да било облик на стекнување на услуги и поволности вон законски утврдените критериуми и постапки

  • Ефикасна борба против корупцијата и појавите на конфликт на интереси

  • Јакнење на улогата и надлежностите на Државниот завод за ревизија

  • Јакнење на независноста и непристрасноста во функционирањето на Државната комисија за спречување на корупцијата преку промени во начинот на избор на нејзините членови како и проширување на нејзината надлежност во насока на истражување на индициите и покренување соодветни кривични постапки пред ЈОРМ

  • Укинување на Специјалното јавно обвинителство и преземање на неговите надлежности од страна на специјализираното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

  • Овозможување на законска и институционална рамка за целосно спроведување на мерката конфискација на незаконски стекнат имот

  • Кадровско и институционално зајакнување на Финансиската полиција, Управата за перење пари и на Агенцијата за управување со конфискуван имот во насока на вмрежување со меѓународните институции за откривање на трагата на парите и доследна имплементација на конфискацијата во случаи на организиран криминал и корупција, во полза на граѓаните и Буџетот на РМ

  • Зајакнат надзор врз финансирањето на политичките партии и медиумите

  • Укинување на низа привилегии и бенефиции за носителите на јавни функции (патни трошоци и сл, како и преиспитување на законските услови за стекнување и користење на право на апанажа)

  • Темелна реформа на правосудството со фокус на јакнење на професионализмот и подигнување на кредибилитетот на судско-обвинителската фела преку избор на компетентни и високо морални личности кои уживаат углед во нивната средина и поседуваат високо ниво на личен и професионален интегритет и дигнитет

  • Суштинско реформирање на Јавното обвинителство

  • Засилена борба против корупцијата во полицијата и безбедносните структури

  • Целосно менување на казнената политика на државата и промовирање на пробацијата и алтернативните мерки на извршување санкции

  • Реформа на Управата за извршување на санкциите, професионализација на казнено-поправните установи и на нивниот персонал

  • Промена во системот на избор, унапредување и разрешување на судиите и јавните обвинители врз строго дефинирани и објективни квалитативни критериуми

  • Соединување на постојниот Судски совет и Советот на јавни обвинители во Правосуден совет како единствено тело со надлежност за обезбедување на услови за непречено функционирање на судската власт

  •  Депрофесионализација на членовите на Правосудниот совет

  • Обезбедување зголемена независност и висок степен на професионалност на судиите на Уставниот суд

  • Воведување на уставната жалба/тужба како механизам за заштита на човековите слободи и права пред Уставниот суд во согласност со најдобрите практики на Европскиот суд за човекови права и развиените европски демократии

  • Ефикасно извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права преку Меѓуресорската комисија за извршување и другите надлежни органи

  • Обезбедување правна сигурност на граѓаните и конзистентна судска пракса преку зајакната улога на Врховниот суд

  • Воведување на пракса на испраќање на судии и стручни соработници на практична работа и стручно усовршување во Европскиот суд за човекови права и во други реномирани меѓународни судови

  • Ревидирање на улогата на Државното правобранителство во заштитата на имотните интереси на државата

  • Ревидирање на работата на нотарите и извршителите, во насока на спречување на арбитрерните и противзаконски практики на работење, на штета на граѓаните

  • Преиспитување на потребата од постоење на извршители и разгледување на можноста за воспоставување на државна Агенција за извршување на судските пресуди

  • Афирмација на улогата на медијацијата како алтернативен начин на решавање на споровите и нејзина поголема промоција меѓу граѓаните

  • Воведување на задолжителна обврска за медијација во спорови од мала вредност и друг вид граѓански предмети со цел растоварување на судовите

  • Преиспитување на постојната мрежа на судови на територијата на РМ со можност за нејзина рационализација

  • Воведување на подобри методи за работа и постапување на судовите во насока на намалување на бројот на рочишта и превенирање на предолгото траење на постапките

  • Зголемена одговорност на судиите и обвинителите за нивното противзаконско или неетичко работење

  • Поддршка на професионалните комори на адвокати, нотари, извршители и медијатори во насока на зголемена етичка и дисциплинска одговорност на нивните членови

  • Воведување на нов концепт на правосуден испит, како и на испит за извршители, нотари, медијатори и вештаци

  • Менување на системот на поставување на судски преведувачи и судски вештаци

  • Востановување на ефикасен систем на бесплатна правна помош

  • Преиспитување на мрежата на апелациони судови во насока на намалување на нивниот број (заради изедначување на нормата на судиите и конзистентност на судската пракса)

  • Преиспитување на ефикасноста на управното судство и реформи

  • Ревидирање на процесите на денационализација со цел постигнување на поголема правичност

 

 

IV ДИПЛОМАТИЈА, МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ​​

  • МНР тесно ќе соработува со институтот за стратешки истражувања

  • Ќе биде извршено кадровско прераспределување на дипломатскиот кадар во Секторите на МНР, според стручната подготовка, стекнатите знаења и дипломатски вештини на дипломатите

  • Ќе биде целосно активирана Дипломатската академија на МНР преку воведување на задолжителна дипломатска обука

  • Ќе биде креирана мала, но стручна и ефикасна мрежа на дипломатско конзуларни претставништва во најстратешките точки за Република Македонија, кои ќе бидат целосно кадровски и технички екипирани

  • По примерот на Балтичките земји, ќе биде воведена пракса на Амбасадори кои ќе бидат именувани во држави каде РМ нема да има дипломатско конзуларно претставништво, а својата функција ќе ја извршуваат од МНР во Скопје

 

 

V ЕКОНОМИЈА, ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

Основните економски начела врз кои почива економската програма се:

  • воспоставување и развивање функционално пазарно стопанство; 

  • гарантирање на приватната сопственост како основа на пазарната економија

  • одржување макроекономска стабилизација

 

Моделирање на економијата за иден подинамичен, траен и одржлив развој

  • Засилување и одржување на висок степен на фискална слобода преку лесен начин на пресметување и плаќање даноци и нивно одржување на разумно ниско маргинално ниво, што ќе овозможи проширување на даночната основа и зголемување на приливите во државниот буџет

  • ограничување и намалување на непродуктивните расходи, за сметка на капиталните инвестиции

  • Ќе се воведe фискалнo правилo според коe, стапката на годишниот буџетски дефицит (а преку него и големината на јавниот долг) ќе биде помала од стапката на растеж на бруто домашниот производ (БДП) на земјата

  • Засилување на монетарната слобода преку олеснување на пристапот на трговските друштва до средства на финансискиот пазар

  • Подигнување на степенот на слобода за тргување на фирмите со странство

  • Проширување на слободата за инвестирање на претпријатијата (домашни и странски) во портфолио, “зелени” (“green”) или во “кафени” (“brown”) инвестиции

  • Водење стабилна економска политика преку избегнување на менување на соодветните прописи најмалку три години по нивното донесување

  • Засилување на ефикасноста и ефективноста на судскиот систем

  • Зголемување на професионалноста и ефикасноста на државната администрација

  • Намалување на корупцијата во јавната администрација преку безусловна и доследна примена на системот на електронски јавни набавки, засилување на внатрешната ревизија во јавните институции и преку преземање енергични казнени мерки

  • Интензивирање на активностите за подобрување на инфраструктурата во земјата (патишта, железници, електроенергетска мрежа...)

  • Подобрување на квалификуваноста на работната сила преку креирање наставни програми во средните училишта и на универзитетите

  • Дерегулација на економијата секогаш и секаде каде што тоа е можно без со тоа да се влијае врз нарушување на финансиската дисциплина

  • Воспоставување систем на максимална слобода на влегување и излегување од бизнисот во многу краток рок и со најмали можни трошоци

  • Намалување на обемот на “сива” економија преку унапредување на соодветната институционална рамка во земјата

​​​

Едно од централните места во идниот модел за развој на македонската економија ќе заземаат малите и средните претпријатија. Тие ќе се претворат во замаец на идниот економски растеж на земјата и во вистински ’рбет на македонската економија. За таа цел потребно е:

  • Диверзификација на производството на стоки и услуги што се нудат на домашниот, а кои би можеле да се нудат и на странските пазари

  • Поттикнување на постојните и на новите фирми во областите на услугите, земјоделството, конкурентските индустрии (особено во преработувачката индустрија)

  • Ќе се создаваат македонски економски брендови од постојни и од нови иновативни производи (галички кашкавал, беровско сирење, земјоделско-прехранбени специјалитети, ќилими, филиграни, везови, Е-бизнис, и др.)

  • Ќе се зајакнат капацитетите на училиштата за занаети и ќе се преструктурираат во образовниот систем

  • Државата, за уникатните брендирани производи, ќе обезбеди бесплатен маркетинг на странските пазари

  • Ќе се развива деловната клима за привлекување странски и домашни директни инвестиции.. Особено ќе бидат поттикнувани СДИ кои ќе отвораат истражувачко – развојни центри за ангажирање на млади стручни и научни кадри од Македонија, како и СДИ кои своите добивки ќе ги реинвестираат во Република Македонија

 

Мерки и активности за реализирање на поставените цели​

  • Давање даночни поволности при отворање нови работни места преку реинвестирање на добивката, особено за мали семејни бизниси

  • Посебна фискална и институционална поддршка ќе им се дава на градежните компании за нивно настапување на регионалните тендери (пазари).

  • Зголемувањето на мотивираноста на вработените, особено во високопрофитабилните компании, ќе се врши со замена на застарениот систем на плаќање надоместок во форма на т.н. К-15 со добивање бонуси во тие претпријатија

  • Зголемување на понудата и потрошувачката на домашни производи

  • Субвенционирање на домашно производство на стратегиски стоки и услуги како замена за исти или слични производи што се увезуваат од странство

  • Отворање на откупно-дистрибутивни центри за планирање, откуп, сортирање, ладење, доработка и дистрибуција на земјоделско-прехранбени производи

  • Поттикнување на алтернативни извори на енергија: изградба на нови национални хидроцентрали и на мали куќни хидроцентрали и водоснабдителни станици; изградба на ветерници; засилено воведување и проширување на гасификациската мрежа во земјата до целосна гасификација

  • Субвенционирање на дел од трошоците на стратегиските стоки и услуги и на тие за кои ќе се утврди дека имаат компаративна предност во однос на исти или слични производи во соседните земји и/или кај другите надворешно-трговски партнери на земјата

  • Поттикнување на домашните инвестиции преку ангажирање на домашниот капитал, односно на заштедите што фирмите и граѓаните ги имаат во банките и во нивните домови

  • Ќе се интензивира изградбата на инфраструктурата во земјата

  • Значителни подобрувања на образовниот процес поради надминување на долго присутниот проблем на недоволна или ниска квалификуваност на работната сила во Македонија

  • Ќе се поттикнува извозот на стоки и услуги

 

Очекувани резултати​

  • Зголемување на бројот на новоотворени МСП (мали и средни претпријатија)

  • Зголемување на домашните инвестиции со далеку поголеми износи и стапки од досега забележаните

  • Големиот број од новоотворени МСП во следниот петгодишен период ќе биде лоциран во разните гранки на индистријата и ќе води кон зголемување на индустриското производство

  • Зголемениот обем на инвестиции од МСП, дополнет со очекуваното зголемување на индустриското производство, последователно ќе придонесат (покрај дејството на другите составни елементи) за зголемување на БДП на земјата за просечно 6 отсто годишно во претстојниот петгодишен период

  • Последица на зголемениот број на новоотворени МСП ќе биде зголемувањето на бројот на ново вработени лица. Бројот на невработените лица постапно ќе се намалува, и крајот на 2025 година објективизираната стапка на невработеност ќе се сведе на едноцифрена големина

  • Кумулативен ефект од таквите движења ќе биде постепено намалување на разликата меѓу увозот и извозот, односно зголемување на покриеноста на увозот со извоз на околу 80 отсто

  • Зголемениот извоз, односно намалениот увоз на стоки и услуги ќе води кон постепено намалување на дефицитот на земјата во размената со странство

  • Ново креираната економска политика нема да ја наруши макроекономската стабилност на земјата. Инфлацијата ќе се движи во коридор од 1 до 2 отсто годишно, што се оценува како стабилизирачки - развојна стапка

  • Зголемениот прилив на средства во буџетот на РМ од една, и неговото рационално и продуктивно користење од друга страна, ќе условат буџетскиот дефицит перманентно да се намалува и да се движи во скромни големини од 0,5% до 1% отсто од БДП

  • Јавниот долг и задолженоста на земјата спрема странство постепено ќе се намалуваат и ќе бидат значително под рамките утврдени со Мастришките критериуми

  • Конечниот ефект на така креираната и спроведувана економска политика ќе биде воспоставување и одржување макроекономска стабилност како услов за иден долгорочен, траен и одржлив стопански растеж на РМ.

VI ОБРАЗОВАНИЕ​

Стратешки цели на ГЛАС за Македонија:​

  • Градење на релевантно, сериозно и конкурентно образование, хармонизирано со потребите на поединецот, пазарот на трудот и општеството во целина;

  • Веднаш и безусловно зголемување на платите на сите просветни работници, во сите степени на образованието за 20%

  • Поголемо буџетското издвојување за образование и наука и воведување на нови модели на финансирање;

  • Враќање на дигнитетот на професијата наставник/професор преку стимулативни мерки и превентива;

  • Големо унапредување на ученичкиот и студентскиот стандард и квалитетот на животот на младите;

  • Создавање на услови за доживотно учење и образование за возрасни, брза преквалификација, стимулирање на изучувањето на занаети, претприемнички вештини, Е-бизнис.

 

Програмски мерки за пониските степени на образование:

  • Нови форми на институционален и вон институционален опфат  на децата од предучилишна возраст,работа по скратени полудневни и двочасовни програми, воведување подвижни градинки и библиотеки во руралните средини

  • Воспоставување на единствен систем на наставнички компетенции

  • Нов сектор во МОН за дигитална аудио-визуелна продукција

  • Заштита и негување на македонскиот литературен јазик во училиштата

  • Скалест модел на средно стручното образование (2, 3 и 4-годишно)

  • Изградба на модерни, енергетски ефикасни, но поевтини  монтажни училишни згради

  • Стимулирање на спортските активности

 

Програмски мерки за високото образование:

  • Бесплатен пристап до најрелевантните електронски библиотеки со научни списанија за сите професори и студенти

  • Стимулирање на куси, професионални циклуси на студирање (стручни студии), паралелно со академските студии

  • Соработка, инвестирање, учество и стимулација на работодавачите во образованието и практичната настава

  • Фонд за научно-истражувачка дејност

  • Промена на моделот на финансирање на високото образование, според таканаречен “образовен сервис“

  • Максимално искористување на европските фондови за проекти и мобилност на студенти и наставници

  • Повисоки, унифицирани критериуми за избор во наставно-научни звања

  • Поттикнување на развојот и квалитетот на приватните универзитети

  • Изградба на модерен студентски град во Скопје и студентски домови во другите универзитетски градови во државата

  • Помош во домувањето, не само низ системот на сместување во студентските домови, туку и субвенции за студентите кои изнајмуваат соби

  • Субвенциониран дневен топол оброк за сите студенти;

  • Студентска/ученичка карта  за субвенционирани превоз, литература, посети на спортски и културни настани, користење на спортски објекти

  • Мерки за остварување родова еднаквост во образованието и науката

  • Приоритетна имплементација на систем за следење и контрола на квалитетот на образованието, по светски стандарди

  • Затворање на институции или нивно фузионирање со други од сличен тип, доколку не ги исполнуваат строгите стандарди за функционирање

 

 

VII КУЛТУРА И УМЕТНОСТ​

Заштита на културно и национално богатство и негова афирмација

  • Ќе го заштити културното наследство од забот на времето, од физички оштетувања и од кражби и изнесување надвор од државата

  • Ќе креира политика со која ќе создаде услови во кои културата ќе може да биде и извор на егзистенција

  • Целосно ќе бидат ревитализирани 10-тина градови со стари градски јадра /чаршии

  • Подготовка на потребниот кадар (конзерваторски, специфични занаети, специјалисти за културен и алтернативен туризам) и со оспособување на општините за менаџирање на културното наследство

  • Културен туризам. Потенцијалот е голем и неискористен. Со меѓу ресорско градење стратегија и реализирање на квалитетни проекти за развој на оваа гранка на туризмот, ќе се проширува социјалната основа на културата, и ќе се подига стандардот на населението

  • Креативни индустрии. Поврзано со културно/алтернативниот туризам, ќе се поттикне развојот на креативните индустрии и обновувањето на старите занаети и на традиционалните вештини

  • Креативни индустрии. Поврзано со културно/алтернативниот туризам, ќе се поттикне развојот на креативните индустрии и обновувањето на старите занаети и на традиционалните вештини.

  • Поврат  - реституција на културното наследство изнесено вон границите на државата

  • Националните институции во областа на културата (музеи, конзерваторски центри, библиотеки, театри, оперско-балетската куќа, кинотека..), треба да се поддржат за квалитетно и ефикасно да ја вршат својата функција. Преиспитување на буџетот, професионален, а не партиски кадар

  • Резиденции за уметници. За овој облик на стимулирање на уметничкото творештво, ќе се користат искуства од други културни средини, а ќе значи, обезбедување  услови за живеење (сместување, исхрана, транспорт) за уметници од земјата и од странство-по пат на размена

  • Државниот архив на РМ (ДАРМ), како централна институција за прибирање и заштитата на архивската граѓа, треба да овозможи нејзино современо и едноставно користење во научно-истражувачки  и лични потреби и цели. Акцентот го ставаме на микро филмувањето на документацијата прибрана во земјата и од странските архиви и на современата електронска форма (дигитализацијата) на обработка и презентација на граѓата

  • Од особен интерес ќе е соработката со регионалните (Истанбул, Софија, Белград, Букурешт и др.) и европските архивски центри (Виена, Лондон, Москва, Рим, Брисел и др.) во насока на збогатување и осовременување на архивските фондови, заради истражување и презентирање на историјата на македонскиот народ и држава

 

 

VIII РОДОВА ПОЛИТИКА​

  • Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, социјалното потекло, верата, политичката припадност, имотната и општествената положба

  • ГЛАС ќе поттикне поголемо учество на жените во политиката и општеството

  • ГЛАС, ќе поддржи жените да станат политички лидери, затоа што ни се потребни жени во политиката, како потврда на еднаквоста, но и на нивната посебност. Конечно треба да го следиме и трендот во развиените земји, каде се почесто одбираат жени за свои водачи.

  • Република Македонија е веќе спремна да зачекори по овој пат, а тоа се докажа со неколку последователни анкети од реномирани институции, каде јавното мислење оди кон оваа цел. Дури 70% од граѓаните, без разлика на етничката припадност, се спремни да прифатат жени на највисоките државни функции

  • Отворање на  Комисија за родови прашања во Парламент и формирање Канцеларија на Народен правобранител за родови прашања

  • ГЛАС ќе се залага за да ги обезбеди правата на работа, слободен избор на вработување, заштитата при работење и материјалната обезбеденост за време на привремена невработеност на жената, како политика на социјална сигурност и социјална праведност

  • ГЛАС ќе се заложи за алиментација со помош на државата како посредник, како и по службена должност да се врши поделба на имотот и оставината

  • Ќе обезбедиме соодветна здравствена заштита на социјално загрозени групи и право на здравствена и социјална заштита при заминување во  пензија, невработеност, болест, инвалидност, старост, неспособност за работа

  • ГЛАС, ќе се залага за јакнење, модернизација и подобрување на стандардот во здравството, во кое социјално загрозените групи, кога и доколку им затреба лекување, не мора да стравуваат дали ќе им биде достапно

  • ГЛАС ќе се труди за постигнување на нулта дискриминација кон жената, посебно онаа кон самохраната мајка. За таа цел, заложбата ќе биде обезбедување на државно сместување, заштита од исклучување на струја и вода како и намалување на прерано напуштање на образованието

  • ГЛАС ќе се залага за обезбедување на гаранции за почитување и заштита на личниот, семејниот углед на жената, преку јакнење на економската независност на жртвите од мобинг преку отштета

  • Ќе обезбеди закрепнување од насилство (правно и психолошко советување, финансиска помош и независност, домување, образование, обука и помош при вработување),како и бесплатни телефонски линии за помош ширум државата за сите жртви на насилство

  • Потребна поддршка на мајките со деца со посебни потреби, како и со деца со реки болести преку обезбедување бесплатни совети, психотерапевтска помош, помош при чување на децата преку отворање на соодветни згрижувачки центри

  • ГЛАС е за инклузивно образование на децата со посебни потреби, но исто така и за отворање на специјализирани згрижувачки центри, после наставата

 

 

IX ДИЈАСПОРА

  • ГЛАС за Македонија формира Совет на иселеници во кој нашата, македонска дијаспора ќе делегира проминентни личности

  • Република Македонија преку разни билатерални, меѓународни договори, парламентарни декларации и со промени во Уставот од 1992, практично се откажа од грижата за своето малцинство во соседните држави. ГЛАС за Македонија ова ќе го  смени. Сите натамошни договори ќе бидат на основа на потполн реципроцитет

  • На нашата дијаспора ГЛАС за Македонија ќе и овозможи електронско гласање на парламентарните и претседателските избори во Република Македонија

  • ГЛАС за Македонија ќе иницира интернет портал на нашата дијаспора, во кој ќе бидеме сите информирани за случувањата, животот, проблемите, достигнувањата итн. , на сите континенти каде живеат Македонци

  • ГЛАС за Македонија ќе овозможи посебни поволни економски услови за инвестиции во нашата земја, од страна на нашите иселеници

  • Интензивно ќе работиме на годишни работилници по македонски јазик и култура кои ќе се одржуваат во Македонија за децата на нашите иселеници

  •  Ќе промовираме мобилност во двете насоки поради меѓусебно запознавање и одржување на врските

  • Редовно ќе го пополнуваме библиотечниот фонд за дијаспората со најнови македонски изданија.

GLAS logo

СЕДИШТЕ на ГЛАС за Македонија СКОПЈЕ

ул. Мито Хаџивасилев Јасмин 36, 3/3/5, 1000 Скопје

  • Grey Facebook Icon
  • Tweet
  • Глас за Македонија канал

тел.: 070 542 005 

glaszamakedonija@gmail.com

Канцеларија СТРУМИЦА

ул. Панче Пешев 30,(патеката од Зегин кон детската болница)

Герасим Сејменов +389 78 229 024

Канцеларија ШТИП

ул. Панче Пешев 30,(патеката од Зегин кон детската болница)

Герасим Сејменов +389 78 229 024

Канцеларија ПРИЛЕП

ул. Панче Пешев 30,(патеката од Зегин кон детската болница)

Герасим Сејменов +389 78 229 024

ДЕНАРСКА СМЕТКА​

Политичка партија „Глас за Македонија” 

ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

Цел на дознака: Донација за Глас Скопје

Комерцијална банка АД Скопје, 

Адреса на банка: Орце Николов 3, 1000 Скопје,
Р. Македонија

Сметка бр: 300000004214007

Приходна шифра за донации: 562

ДЕВИЗНА СМЕТКА

Beneficiary: Politichka partija “Glas za Makedonija“, Skopje

Address: Orce Nikolov 155b, 1000 Skopje, Macedonia

Account: 0270100348540­

SWIFT: KOBSMK2X

BANK: Komercijalna banka AD Skopje

Bank adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, R. Macedonia

IBAN MK07300701003485468

© 2019 Глас за Македонија