ПРОГРАМА ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА (акценти) 2019

ПРОГРАМСКИ ОБЛАСТИ

  • Демократија и човекови права

  • Реформи на судската власт и борба против корупцијата

  • Економија

  • Образование

  • Здравство

  • Земјоделие и рурален развој

  • Одржлив развој и заштита на животната средина

  • Одбрана и безбедност

  • Култура и уметност

  • Медиуми

  • Родова политика

​​

​​​___________________________________________________________

 

ДЕМОКРАТИЈА И ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА, глас за заштита на традиционалните вредности со истовремено прифаќање на прогресивните, современи демократски трендови и стандарди. Глас за демократија, глас за слобода, правда, еднаквост и солидарност. Глас за Република Македонија како демократска држава со силни, независни и ефикасни институции коишто ќе уживаат кредибилитет меѓу граѓаните.

 

Граѓанинот како извор на суверенитетот

 

  • Враќање на местото на индивидуата како извор на суверенитетот и легитимитетот на државните институции и избраните претставници во Собранието

  • Намалување на влијанието на политичките партии врз функционирањето на системот

  • Унапредување и промовирање на облиците на непосредно изјаснување на граѓаните  

  • Отповикување на пратеник во Собранието, односно на советник на општина, односно Град Скопје кој во вршењето на мандатот ќе го изгуби легитимитетот од граѓаните

  • Можност за распуштање, наместо исклучиво самораспуштање на Собранието

  • Јакнење на урбаните и месните заедници и на другите облици на локална самоуправа

 

Политички плурализам, слободни и фер избори

 

  • Правна и фактичка рамноправност во политичкото дејствување на партиите

  • Еднаков пристап на партиите до изворите на финансирање

  • Целосна забрана на платеното политичко рекламирање и обезбедување на рамноправно медиумско претставување на сите учесници во изборниот процес

  • Мешовит (мнозински и пропорционален) изборен модел со една изборна единица и отворени листи

  • Чесни, транспарентни и фер избори, базирани врз веродостоен избирачки список

  • Реформирана и професионализирана Државна изборна комисија составена од правни експерти,  наместо партиски претставници

  • Најостро санкционирање на изборните нерегуларности

 

Поделба на власта и демократска политичка контрола на власта

 

  • Строга поделба на власта на законодавна, извршна и судска

  • Собранието како претставнички дом на граѓаните, наместо продолжена рака на Владата

  • Јавност и поефикасна политичка контрола над работата на Собранието преку создавање отворени канали на комуникација со медиумите, граѓаните и невладините организации

  • Неменување на изборот на Претседателот на државата на избори од страна на граѓаните

  • Децентрализација на власта и учество на јавноста во донесувањето на одлуките

 

Независни и ефикасни институции отворени и одговорни пред граѓаните

 

  • Независни институции, отчетни и транспарентни, кои се засноваат на компетенции и професионалност, наместо на партиска книшка, кои ќе работат во служба на граѓаните

  • Учество на граѓаните во донесувањето на буџетот и зголемена буџетска контрола

  • Намалување и рационализација на бројот на министерствата и другите органи на државната управа, како и намалување на бројот на избрани и именувани функционери

  • Избор на носителите на државни и јавни функции врз основа на објективни критериуми  (професионално знаење и искуство, морален кредибилитет и интегритет на личноста)

  • Преиспитување на досегашните додатоци на плата, и други надоместоци, вклучувајќи ги и патните и останатите трошоци на сите избрани и именувани функционери

 

Невладини организации

 

  • Намалување на зависноста на граѓанскиот сектор од странски финансиски извори,

  • Поголема вклученост на невладините организации во донесувањето на закони и одлуки, како и во процесите на демократска политичка контрола на Собранието над Владата, и во цивилната контрола над војската, полицијата и безбедносните служби

 

Слобода и независност на медиумите

 

  • Попрецизно регулирање на сопствеништвото и финансирањето на медиумите

  • Генерална забрана за јавно, владино рекламирање и финансиска поддршка на медиумски проекти од странски фондации и агенции на странски држави

  • Подобрување на економско-социјалниот статус на новинарите, и нивна системска заштита од влијанијата на економските и политичките моќници

  • Поефикасен надзор и одговорност за Интернет порталите и електронските медиуми

  • Современ, независен и професионален јавен радиодифузен сервис (МРТВ) како носител на објективното и професионалното информирање во служба на граѓаните

 

 

Човекови слободи и права  

 

  • Еднаков пристап на сите граѓани до секое работно место и до секоја јавна функција

  • Систем на кариера и заслуга („мерит систем“) и прекин на праксата на партиски вработувања и унапредувања

  • Родова еднаквост на мажот и жената во сите сфери на општественото живеење

  • Еднакви можности за сите граѓани во уживањето на економските и социјалните права

  • Целосно гарантирање на приватноста на граѓаните преку заштита на личните податоци и ограничување на можноста за противзаконито следење на комуникациите

  • Навремено и ефикасно спречување и казнување на говорот на омраза и на кривичните дела од омраза

  • Унапредување на работничките права во дијалог со синдикалните организации и работодавачите и поефикасно спроведување на трудово- инспекцискиот надзор

  • Спречување појави на мобинг и дискриминација на работното место

  • Социјална правда и солидарност и имплементирање на концептот за социјална држава преку конкретно подобрување на статусот на сите категории на социјално загрозени лица

  • Унапредување на правата на лицата со попречености и посебни потреби

  • Подобрување на условите за лицата на издржување казна затвор во казнено-поправните установи во согласност со меѓународните стандарди

  • Подобрување на статусот на Ромите и нивна поголема инклузија во општеството

  • Зголемување на независноста и капацитетите на Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација, Дирекцијата за заштита на личните податоци, Комисијата за пристап до информации од јавен карактер и на другите соодветни институции за пружање ефикасна институционална заштита на човековите слободи и права

  • Проактивна улога на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот при Собранието

  • Ефикасна судска заштита од повредите на човековите слободи и права сторени со поединечни управни акти од страна на органите на управата

  • Грижа и заштита на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на малцинските групи преку финансирање на активностите на нивните здруженија и организации и поддршка за нивните манифестации и медиуми

  • Почитување на еднаквоста на сите верски заедници и религиозни групи пред законот

  • Доследно спроведување на секуларизмот и издвоеност на верските заедници од државата

БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

  • Крај на политиките на неказнивост за носителите на високи функции

  • Еднаква правда за сите, без оглед на општествениот, етничкиот, социјалниот статус или функција

  • Забрана за вршење професија, дејност, политичка активност и јавна функција, забрана за вработување во јавна администрација за оние кои ја злоупотребиле службената положба и овластување

  • Нова законска рамка против злоупотребата на
    јавните набавки

  • Спроведување на мерката конфискација на
    нелегално стекнат имот

  • Укинување на СЈО и преземање на неговите надлежности од страна на ЈО

  • Целосна реформа на ЈО со цел ефикасно гонење на високиот организиран криминал и корупција

  • Променет начин на избор на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата, проширување на нејзините надлежности

  • Заштита на лица кои ќе пријават корупција

  • Строг надзор врз финансирањето на политичките партии и медиумите

  • Засилена борба против корупцијата во полицијата и безбедносните структури

  • Борба против клиентелизам, непотизам, хронизам при вработувања и унапредувања

  • Елиминирање на можноста за конфликт на интереси при вршење на јавни функции (нов закон)

  • Преиспитување на досегашните додатоци на плати и други надоместоци, патни и други трошоци на сите избрани и именувани функционери

  • Превенирање и санкционирање на злоупотребите на државните ресурси во функција на изборна кампања

  • Воведување на антикорупциска едукација во образовниот процес и соодветни медиумски кампањи

___________________________________________________________

 

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО - ПРАВОСУДСТВО И БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

 

Правосудство

Враќање на довербата на граѓаните во кредибилитетот на правосудните и другите државни институции надлежни за спроведување на правдата и борба против корупцијата преку:

  • Отстранување на какви било притисоци и влијанија врз судиите и обвинителите

  • Финансиска независност на судството преку зголемување на судскиот буџет на потребното ниво од 0,8% од вкупниот буџет на државата

  • Кадровска реформа на правосудството преку повисоки критериуми за вработување во судската и јавнообвинителската служба/ администрација

  • Спроведување на процедура на своевиден „ветинг“ на носителите на правосудните функции

  • Промена во системот на избор, оценување, унапредување и разрешување на судиите и јавните обвинители врз строго дефинирани квалитативни критериуми, што гарантираат избор на компетентни и високо морални личности

  • Граѓански модел на контрола над работата на судиите и обвинителите

  • Редефинирање на улогата на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители во насока на поголема одговорност на судиите и обвинителите, со можност за целосна забрана за вршење на правни работи во случаи на противзаконско и неетичко работење

  • Воведување на уставната жалба/тужба како механизам за заштита на човековите слободи и права пред Уставниот суд во согласност со најдобрите практики на Европскиот суд за човекови права и развиените европски демократии

  • Преиспитување и рационализација на постојната судска мрежа

  • Ревидирање на улогата на Државното правобранителство во заштитата на имотните интереси на државата

  • Еднаков пристап до правдата и судовите за сите граѓани, на кои треба да им се овозможи во разумен рок да ги заштитат нивните права

  • Поефикасно постапување на судовите во насока на намалување на бројот на рочишта и превенирање на предолгото траење на постапките

  • Обезбедување правна сигурност на граѓаните и конзистентна судска пракса преку зајакната улога на Врховниот суд и апелационите судови

  • Афирмација на медијацијата како алтернативен начин на решавање на споровите

  • Поддршка на професионалните комори на адвокати, нотари, извршители и медијатори во насока на зголемена етичка и дисциплинска одговорност на нивните членови

  • Ревидирање на работата на нотарите и извршителите, во насока на спречување на арбитрерните и противзаконски практики на работење, на штета на граѓаните

  • Преиспитување на потребата од извршители и разгледување на можноста за воспоставување на државен орган за извршување на судските пресуди

  • Воведување на нов концепт на полагање на правосуден испит, како и на испит за нотари, медијатори и вештаци

  • Основање на Адвокатска академија чија задолжителна обука ќе претставува предуслов за стекнување со лиценца за вршење адвокатска дејност

  • Целосно менување на казнената политика на државата и промовирање на пробацијата и алтернативните мерки на извршување санкции

  • Подобрување на условите на лишување од слобода, сместување и престој на лицата осудени на издржување казна затвор во сите казнено-поправни установи во државата

  • Политики на ресоцијализација и интеграција на поранешните осуденици и намалување на рецидивизмот

 

Борба против корупцијата

 

  • Целосно ставање крај на политиките на неказнивост и неодговорност за носителите на високи функции и позиции во политичкиот и деловниот живот

  • Правда за сите граѓани под еднакви услови и со обезбедување гаранции во текот на постапката за правично судење, без оглед на општествениот статус, имотната состојба, социјалното потекло или функцијата која евентуално ја извршуваат

  • Отстранување на постојните рокови на застареност за одредени кривични дела, врзани за финансиски и други злоупотреби на службената положба и овластување

  • Креирање нова законска и институционална рамка која ќе оневозможи злоупотреби во системот на јавните набавки

  • Воведување на соодветна институционална рамка (Совет или Комисија за јавни набавки) како механизам за преиспитување и поништување на незаконски спроведените постапки за јавни набавки на ниво на државните органи и јавните претпријатија

  • Непречено спроведување на мерката конфискација на нелегално стекнат имот

  • Забрана за вршење на професија, дејност или должност, вклучително и забрана за политичка активност, вршење на политичка и јавна функција, како и забрана за вработување во државната и јавната администрација, во случаите на злоупотреби на службената положба и овластување

  • Институционални и процедурални заштитни механизми и гаранции за лицата- „укажувачи“ кои ќе пријават постапување на штета на јавниот интерес

  • Целосна реформа на Јавното обвинителство со цел поефикасно гонење на високопрофилираните случаи на организиран криминал и корупција

  • Укинување на Специјалното јавно обвинителство и преземање на неговите надлежности од страна на специјализираното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

  • Ефикасна борба против корупцијата и појавите на конфликт на интереси преку зајакната улога и надлежности на Државната комисија за спречување на корупцијата (променет начин на избор на нејзините членови и проширување на нејзината надлежност за истражување на индициите и покренување соодветни кривични постапки пред ЈОРМ)

  • Јакнење на независноста, ефикасноста и капацитетите на сите релевантни чинители во антикорупциската сфера (Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција, Управата за перење пари и на Агенцијата за управување со конфискуван имот)

  • Зајакнат надзор врз финансирањето на политичките партии и медиумите

  • Укинување на низа привилегии и бенефиции за носителите на јавни функции

  • Засилена борба против корупцијата во полицијата и безбедносните структури, вклучително и по пат на „ветинг“ на вработените во безбедносниот систем

  • Борба против клиентелизам, непотизам, хронизам и други практики на вработување и унапредување, стекнување на услуги и поволности вон законските критериуми и постапки

  • Елиминирање на можните конфликти на интереси при вршење на одредени јавни функции или професии со други активности и дејности и нивно соодветно санкционирање

  • Преиспитување на досегашните додатоци на плата, и други надоместоци, вклучувајќи ги и патните и останатите трошоци на сите избрани и именувани функционери

  • Унапредување на системот на надзор над веродостојноста на податоците во анкетните листови за имотната состојба на носителите на државни и јавни функции и воведување на заострени казни во случај на некредибилност и ненавремено ажурирање на релевантните податоци

  • Зголемен и поефикасен надзор над начинот на финансирањето и финансиско-материјалното работење на политичките партии од страна на Државниот завод за ревизија

  • Превенирање и санкционирање на злоупотребите на државни ресурси во функција на изборната кампања

  • Превенција на коруптивните практики преку воведување на антикорупциска едукација во рамките на образовниот процес и соодветни медиумски кампањи

 

 

ЕКОНОМИЈА

  • Висок степен на фискална слобода преку лесен начин на пресметување и плаќање даноци

  • Ограничување и намалување на непродуктивните расходи, за сметка на капиталните инвестиции

  • Стапка на годишен буџетски дефицит помала од стапката на растеж на БДП

  • Интензивирање на инфраструктурните проекти (патишта, железници, електроенергетска мрежа...)

  • Засилување на ефикасноста и ефективноста на судскиот систем

  • Малите и средни претприја – главни двигатели на економијата

  • Фискална и институционална поддршка на градежните компании за регионални тендери (пазари)

  • Зголемување на понудата и потрошувачката на домашни производи

  • Поттикнување на домашно производство на стратегиски стоки и услуги

  • Отворање на откупно-дистрибутивни центри за планирање, откуп, сортирање, ладење, доработка и дистрибуција на земјоделско-прехрамбени производи

  • Поттикнување на алтернативни извори на енергија: изградба на нови национални хидроцентрали и на мали куќни хидроцентрали и водоснабдителни станици, изградба на ветерници, засилено воведување и проширување на гасификациската мрежа во земјата до целосна гасификација – Република Македонија мора да има пристап до евтини енергенси!

  • Макроекономска стабилност

​​

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Интегрирано образование

  • Единствен модел на задолжително десетгодишно образование, со функционално поврзување на основното и средното образование

  • Поврзување на средното со високото образование

  • Услови за доживотно учење и образование за возрасни, брза преквалификација, стимулирање на учење занаети, претприемнички вештини, Е-бизнис

  • Соработка, инвестирање, учество и стимулација на работодавачите во образованието и обуката

  • Македонскиот јазик во образованието како клучен интегративен фактор во општеството

Општествен статус и кариерен развој на наставниците

  • Итна мерка за зголемување од 20% на платите на наставниците

  • Годишни акциони програми за професионален и кариерен развој

  • Стандардизиран, објективен и непристрасен систем на вреднување на компетенциите и стандардите

  • Воведување на концептот наставник-волонтер

  • Вработување на нов наставен кадар со селекција од најдобрите студенти и волонтери

Анализа, квалитет и поддршка на образованието

  • Образовен информациски систем

  • Дигитална продукција на образовни содржини

  • Соработка, инвестирање, учество и стимулација на работодавачите во образованието и обуката

  • Нов сектор во Министерство за образование и наука за анализи и квалитет на образованието

  • Воспоставување систем со кој образовните установи ќе го гарантираат квалитетот на своите програми, квалификациите и резултатите од учењето​

___________________________________________________________

 

Стратешки цели

  • Изградба на образовен систем што продуцира стручни и компетентни граѓани, способни за решавање проблеми, со длабоко развиена свест и разбирање на светот и времето во кое живееме, критични и самокритични, здрави личности со интегритет и високи етички норми, за остварување на социоекономски напредок и создавање предуслови секој поединец да живее и работи во опкружување во кое ќе може оптимално професионално да се реализира и да оствари лична среќа;

  • Подобрување на квалитетот и ефикасноста на образованието на сите степени;

  • Поголемо буџетското издвојување за образование и наука и воведување на нови модели на финансирање;

  • Унапредување на ученичкиот и студентскиот стандард и квалитетот на животот на младите;

  • Враќање на дигнитетот на професијата наставник преку стимулативни мерки и превентива.

 

Програмските мерки

1. Интегрирано образование

  • Градење на единствен модел на задолжително десетгодишно образование, со функционално поврзување на основното и средното образование;

  • Флексибилно стручно образование, хармонизирано со пазарот на труд;

  • Создавање на услови за доживотно учење и образование за возрасни, брза преквалификација, стимулирање на изучувањето на занаети, претприемнички вештини, Е-бизнис;

  • Интегрирање на предучилишното образование;

  • Изучување и негување на македонскиот литературен јазик на сите нивоа на образование, независно од јазикот на кој се изведува наставата;

 

2. Општествен статус и кариерен развој на наставниците

  • Итна мерка за моментално и одеднаш зголемување од 20% на платите на наставниците;  

  • Годишни акциони програми со понуда на различни форми и содржини за професионален и кариерен развој;

  • Стандардизиран, објективен и непристрасен систем на вреднување на компетенциите и стандардите;

  • Воведување на концептот на наставник-волонтер;

  • Вработување на нов наставен кадар со селекција од најдобрите студенти и волонтери;

 

3. Ученички и студентски стандард

  • Изградба на модерен студентски град во Скопје;

  • Помош во домувањето, не само низ системот на сместување во студентските и ученичките домови, туку и субвенции при изнајмувањето соби;

  • Субвенциониран дневен топол оброк за сите ученици и студенти;

  • Студентска/ученичка карта  за субвенционирани превоз, литература, посети на културни настани и користење на спортски објекти;

  • Национален фонд за стипендирање и поддршка на ученичкиот и студентскиот стандард;

4. Високо образование

  • Основање фонд за научноистражувачка дејност;

  • Достапност на научни бази на податоци и е-библиотеки од сите области на науката;

  • Повисоки, унифицирани критериуми за вреднување на академскиот кадар;

  • Реформи во начинот на распределба на буџетските средства;

  • Евалуација според европски стандарди;

 

5. Анализа, квалитет и поддршка на образованието

  • Имплементација на сеопфатен образовен информациски систем;

  • Нов сектор во МОН за анализи и квалитет на образованието;

  • Воспоставување на систем со кој образовните установи ќе го гарантираат квалитетот на своите програми, квалификациите и резултатите од учењето;

  • Дигитална продукција на образовни содржини;

  • Соработка, инвестирање, учество и стимулација на работодавачите во образованието и обуката.

​​

 

ЗДРАВСТВО

  • Одделување на Фондот за здравство (како побарувач на услуги во име на пациентите) и Министерството за здравство-ЈЗУ и ПЗУ (како понудувачи на услуги во полза на пациентите)

  • Задолжително и дополнително здравствено осигурување, со почитување на сите човекови права и слободи за истото

  • Изедначување на јавниот и приватниот здравствен систем со одредување на референтни цени на  услугите; одредување на основни и дополнителни пакети на услугите и овозможување на доплата со цел поголема достапност на здравствениоте услуги за пациентите; подигнување на квалитетот и поголемо искористување на постоечкиот кадар

​​

Програма и реформи во примарното здравство

  • преку протколи за општите матични доктори и  специјалистите по семејна медицина, за подобра грижа за пациентите, избегнување на непотребните преупатувања и минимизира можноста за лекарски превид и грешка

​​

Програма и реформи за младите доктори

  • преку кредитирање и субвенционирање на нови ординации

​​

Програма и реформи во секундарното и терцијарното здравство

  • преку стандардизирано отворање и развивање на регионални клиничко-болнички центри и формирање на рехабилитациони центри

 

 

ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ

  • Економска  политичка определба земјоделството да биде стратешка стопанска гранка

  • Развивање на македонското село како клучен фактор во севкупниот развој на Република Македонија

  • Одржливо, технолошки високо развиено, модерно и конкурентно земјоделско производство

  • Политика на наследување и мерки за окрупнување и консолидација на земјоделското земјиште​

Состојба со земјоделството во Р. Македонија

Македонија располага 1,2 милиони ха земјоделско земјиште кое претставува 50% од вкупнта површина, односно 0,6 ха по жител.

Малите земјоделски стопанства и фрагментацијата на земјоделското земјиште се најголемите проблеми за македонското земјоделство, што резултира со неефикасна употреба на земјоделското земјиште. Необработеното напуштено земјиште е исто така сериозен проблем за понатамошен развој на секторот.

Општо гледано, земјоделството е со застарена технологија на производство и амортизирано. Се карактеризира со недоволно вкупно производство, недоволна разновидност на производството, слаба ДДВ (преработка на земјоделските производи) и сето тоа е пропратено со негативен биланс во меѓународната размена.

 

Стратешки цели:

  • Економска и политичка определба е земјоделството да биде стратешка стопанска гранка;

  • Развиено македонско село како клучен фактор во севкупниот развој на Република Македонија;

  • Зголемување на земјоделскиот буџет до минимум 5% од вкупниот буџет на Р Македонија;

  • Одржливо, технолошки високо развиено, модерно земјоделско производство, конкурентно на меѓународниот пазар;

  • Субвенционирање на високоприносното, профитабилно и конкурентно земјоделско производство;

  • Политика на наследување и мерки за окрупнување и консолидација на земјоделското земјиште.

 

Мерки за развој:

а) Економска и политичка определба е земјоделството да биде стратешка стопанска гранка

Со основни задачи - Обезбедување на задоволително ниво на приход за земјоделските производители и  осигурување на прехрамбена стабилност на Република Македонија

б) Развиено македонско село како клучен фактор во севкупниот развој на Република Македонија;  4 (четири) основни мерки:

  • инвестиции и развој;

  • млади во руралниот простор;

  • здружување и

  • финансиска и институционална подршка.

Инвестиции и развој

Глас за Македонија ќе поттикне развој на мали семејни фарми во кои производството ќе се базира на карактеристиките на нашето земјоделство и регионалните разлики. Планираме да се зголемат субвенциите на растителното производство, но истото да биде врзано со референтен принос за пооделното производство.

Ќе настојуваме земјоделското земјиште да биде максимално искористено, фер распределено со приоритет на младите земјоделци. Ќе овозможиме купување и консолидација на истото.

 

Млади во руралниот простор

За да ги задржиме младите во руралните области за да се занимаваат со земјоделско производство, како и да потикнеме невработените млади луѓе од урбаните средини се вратат во своите семејни земјоделски стопанства, предлагаме, со  средствата од локалните самоуправи и од земјоделскиот буџет и преку поволни кредитни линии да се: обнови и изгради патната инфраструктура, квалитетна комунална инфраструктура, подобри електронските комуникации.

На младите земјоделци ќе им „даруваме“ запуштен земјоделски имот со квалитетно дефинирани критериуми. Младите претприемачи во руралните области ќе ни бидат приоритет, во насока на развој на неземјоделските дејности, со цел диверзификација на економијата.

 

Здружување

Ќе ги поврземе чинителите во земјоделскиот сектор и по хоризонтала и по вертикала. Ќе формираме производни организации и земјоделски центри во кои земјоделците ќе бидат поврзани со научната и стручна јавност и други експерти, со цел подобрување на производството.

Финансиска и институционална подршка

Наша задача ќе биде час поскоро да воспоставиме ефикасен систем за инвестиции во руралните средини, како предуслов за реализација на средствата од ЕУ фондовите (земјоделска банка, програми за финансирање, кредитни гаранции, банкарски гаранции и сл.). Ќе ја поддржиме модернизацијата на македонското земјоделско производство преку микрокредитирања, кредити со субвенционирани камати, финансиски лизинг и преку кредитни гаранции.

а) Создавање на одржливо, технолошки високо развиено, модерно земјоделско производство  конкурентно на меѓународниот пазар

Главна задача ќе ни биде реонизацијата на земјоделското производство и инстиуционали решенија за ефикасна политиката на квалитет и пазарни стандарди на земјоделските производи.

Ќе воспоставиме систем на ефикасно и брзо следење на билансот на производство и потрошувачка на производите со цел да го обезбедиме пазарот и да го помогнеме извозот.

 Ќе вовдеме механизми за сигурна и навремена исплата на земјоделските производи.

Ќе формираме земјоделски буџет до ниво на рурална општина. Земјоделската економија ќе ја засноваме на научното и стручно знаење, како и на стекнатото искуство.  

б) Субвенционирање на високоприносното, профитабилно и конкурентно земјоделско производство

Зголемувањето субвенциите на растителното производство по единица површина, ќе биде врзано со референтен принос за пооделното производство. Субвенциите ќе ги врземе со потеклото и генетскиот потенцијал на приплодните грла. Ќе спроведеме реонизација и субвенциите ќе се даваат согласно утврдените реони на производство.

Ќе поттикнеме воведување органски произведена храна во болниците, во кујните на градинките и училиштата. Ќе поддржиме отворање органски ресторани во рурални и урбани туристички места.

в) Политика на наследување и мерки за окрупнување и консолидација на земјоделското земјиште.

Наследувањето на земјоделското земјиште е со цел долгорочно зголемување на поседот. Окрупнувањето и консолидацијата на земјоделското земјиште ќе го спроведеме преку системот на размена и промена на нивната форма со цел добивање на површини погодни за имплементација на модерно интензивно производство.

ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА​

  • Максимално намалување на сиромаштијата во сите нејзини форми насекаде во Македонија

  • Обезбедување безбедност на храната и промовирање одржливо земјоделство

  • Обезбедување пристап до прифатлива, сигурна, одржлива и модерна енергија за сите

  • Промовирање одржлив и инклузивен економски раст

  • Урбано и просторно планирање за хуман и рамноправен живот на сите граѓани, во хармонизација со природната средина

  • Заштита, обновување и промовирање на одржливо користење на копнените екосистеми, одржливо управување со шумите, борба против опустинување, запирање и враќање на деградацијата на земјиштето, и запирање на загубата на биодиверзитетот

  • Одговорен и правилен менаџмент со природните ресурси на Република Македонија - евиденција, мапирање, заштита и одржливо користење

  • Управување со хемикалии и целиот отпад, како и значително намалување на производството на отпад преку рециклирање и други мерки.

 

 

ОДБРАНА И БЕЗБЕДНОСТ

  • Демократската контрола врз вооружените сили и борба против корупцијата во одбранбените и безбедносните институции

  • Почитување на човековите слободи и права од страна на припадниците на безбедносниот систем

  • Професионализација и департизација во функционирањето на Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи

  • Посебен закон за Воената служба за безбедност и одбрана со јасно дефинирана позиција  во организациониот безбедносен дизајн

  • Ревизија на Долгорочниот план за развој на одбраната 2014 - 2025 како основен документ за реформа

  • Ревизија на системот за повеќегодишно планирање, програмирање и извршување на буџетот  - во рамките на оваа методологија како и на поделбата на проектираните буџетски категории

  • Модернизација и опремување на АРМ во контекст на претстојниот прием во НАТО

  • Повисок буџет за јакнење на професионалното ниво, интегрититет и достоинство на безбедносните сили

  • Основање фонд од Буџетот за подобрување на мотивацијата и унапредување на воспоставената структура на воениот персонал, унапредување на статусот на професионалните војници после завршување на нивната служба во МО

 

 

КУЛТУРА И УМЕТНОСТ​​

  • Заштита на културното и национално богатство и негова афирмација

  • По глава на жител, Македонија е меѓу водечките според бројот на тие што избрале да бидат уметници или занаетчии поврзани со применетата уметност   

  • Културата е предизвик за креирање на политиките на секоја политичка партија која претендира да владее и да ја земе одговорноста за градење стабилна, просперитетна и угледна држава.

  •  Глас за Македонија ќе создаде услови во кои културата ќе може да биде и извор на егзистенција (надвор од буџетските корисници)

  • Културното наследство да се вклучува во социо-економскиот развој, преку највисоки стандарди за негово одржливо користење. Македонија има 10-тина градови со стари градски јадра /чаршии, кои не се целосно ревитализирани.

  • Културен туризам..Потенцијал голем и неискористен..користење странски искуства.. Стратегија за развој на овој вид туризам, со што ќе се проширува социјалната основа на културата, ќе се подобрува стандардот на населението и културата на живеење

  • Креативни индустрии, поврзани со културно-алтернативниот туризам, ќе го поттикнат развојот на применетата уметност и обновувањето на старите занаети и вештини.

  • Поврат  - реституција на културното наследство изнесено вон државата. Недоволната и неефикасна грижа за културното наследство, доведе до тоа, вредни артефакти (икони, монети, други археолошки предмети) да се шверцуваат и продаваат на меѓународниот пазар, а дел од тоа, да се користи и за ретуширање на историјата. Глас за Македонија ќе се заложи тие скапоцени предмети  да се вратат таму каде што припаѓаат – во РМ.

  • Глас за Македонија ќе ги зјакне основните институции во културата, со обезбедување современа опрема и квалитетен кадровскиот состав. Во таа смисла, меродавни ќе бидат само професионалните способности и одговорното работење- како при оценка на постојниот кадар, така и при новите вработувања и напредувањето на кариерата.

  • Специјални фондови за младите таленти.. истакнатите уметници ќе бидат следени, поддржувани и поттикнувани во себереализирање до врвовите на уметноста. Со тоа ќе ја афирмираат и својата држава низ светот

  • Резиденцијални објекти за размена на уметници, во адаптирани/конвертирани објекти со културна и историска вредност  

МЕДИУМИ​

  • Деполитизација, департизација и декриминализација на медиумите во Македонија

  • Темелни реформи на законската регулатива за медиумите и медиумските услуги

  • Преиспитување на финансирањето на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, преку сведување на оптимално и реално работење согласно економската состојба на државата

  • Безусловно почитување на македонскиот културен идентитет односно неговиот говор, јазик и писмо

  • Воведување државна легитимација за секој медиумски работник, како мерка за враќање на професионалноста на медиумските работници

  • Строго почитување на работничките права на медиумските работници

  • Почитување на регулативите за авторски права

  • Воведување инспекција на маркетинг агенциите заради слободно и реално движење на рекламниот капитал и промотивно работење

  • Ограничување на политичкиот маркетинг исклучиво во предизборни кампањи

___________________________________________________________

Медиумите се еден од носечките столбови на секое демократско општество. На нив треба да се потпираат елементарните државотворни и човекови права според меѓународните конвенции и стандарди за слобода, мир и развој.

Затоа програмата “10 / 5 / 3” треба да се толкува како неопходен проект кој мора да се имплементира што поскоро во општествениот систем.

Деполитизација, департизација и декриминализација на медиумите во Македонија, се повеќе од неопходни мерки кој неодложно треба да се втемелат и почитуваат од страна на државните и приватните институции и пред сѐ од самите медиумски субјекти.

За таа цел оваа програма воведува најстроги регулативи и нормативи во законот за медиуми и нивното постоење и функционирање.

Темелни реформи во законите за медиуми и медиумски услуги се суштински чекор кон градењето на едно транспарентно, модерно и развојно општество. Само такви реформи можат да воспостават ред во медиумскиот сектор во иднина.

Отсега, наша национална платформа за медуми е:

1) Нација – наместо политика

2) Држава – наместо партија

3) Медиум – наместо сопственик

4) Новинар – наместо платеник и

5) Глас – наместо молк

 

Суштинските мерки кој ќе ги превземеме како обврска се реформи кој ќе придонесат за ликвидно, професионално и транспарентно работење на медиумите, а пред сѐ заштита на државните и националните интереси.

  • Деполитизација на државните агенции и регулаторни тела за теле – медиски комуникации, преку организирано гласање на професионалните структури во секторот.

  • Департизација на истите преку поставување на стручни и професионални лица на раководни позиции во овие агенции кој не се дел од тековните политичко – економски движења во државата.

  • Регулирање на државните финансии во овие агенции преку сведување на оптимално и реално работење согласно економската состојба во која се наоѓа државата.

  • Воспоставување на стандарди како предуслов за добивање медиумска концесија или дозвола за работа.

  • Преиспитување на постоечките медиумски концесии по однос на сопственичката структура, техничко – технолошки развојни стандарди, професионално - етичките вредности во новинарството, а посебно финансиското работење на медиумите.

  • Безусловно почитување на Македонскиот културен идентитет односно неговиот говор, јазик и писмо.

  • Воведување  државна легитимација за секој медиумски работник заради запазување на нивните професионални и етички стандарди, кривична и морална одговорност како дел од националниот журнализам кој воедно е и креатор на јавното мислење но и културен идентификатор на една држава.

  • Строго почитување на работничките права на медиумските работници  како би биле заштитени од ангажмани за антидржавно работење и пропаганда.

  • Воведување на строги правила за начинот на реемитување на странска програма во Македонскиот етер.

  • Почитување на регулативите за авторски права од страна на медиумските субјекти како и од нивните коминтенти.

  • Воведување надзорен инспекциски орган за субјекти регистрирани како маркетинг агенции заради слободно и реално движење на рекламниот капитал и промотивно работење.

  • Воведување регулаторно тело како надзорен орган за работењето на медиумските агенции заради нивно непристрасно посоење или функционирање.

  • Воведување надзорен орган за работењето на субјекти  евидентирани како аналитички или анкетни центри и нивна координирана соработка со државните медиумски агенции заради презентирање на објективни истражувања пред Македонската јавност.

  • Ограничување и лимитирање на политичкиот маркетинг исклучиво во предизборна кампања и минимален рекламен простор за нивна промоција, по најниска симболична сума како надомест кон медиумите.

 

Токму овие и само овие нагласени акценти ќе придонесат за суштински и темелни реформи во медиумската индустрија во Македонија и ќе овозможат и ќе ни отворат пат кон објективен, транспарентен и професионален медиум, односно она што светот го нарекува седма светска сила.

 

РОДОВА ПОЛИТИКА​

Жените и човековите права

  •  едукација, промовирање, социјални права и заштита од секаков облик на насилство

  • Жените и економијата

  • без поделба на професиите според пол и возраст, поттикнување и развој на женското претприемништво, повисока партиципација во технолошките, информациско-комуникациските процеси и истражувањата, валоризација на трудот на жените во аграрниот сектор

  • Мерки за унапредување на здравјето на жените

​​

Унапредување на статусот на жените од аспект на:

  • Образованието

  • Власта и одлучувањето

  • Мирот и безбедноста

  • Животната средина и одржливиот развој

  • Медиумите

  • Спортот​

 
 
 
 
 
 
 
GLAS logo

Канцеларија на седиштето на ГЛАС за Македонија

ул. Орце Николов 155б, 1000 Скопје

  • Grey Facebook Icon
  • Tweet
  • Глас за Македонија канал

тел.: 070 542 005 

glaszamakedonija@gmail.com

ДЕНАРСКА СМЕТКА​

Политичка партија „Глас за Македонија” 

ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

Цел на дознака: Донација за Глас Скопје

Комерцијална банка АД Скопје, 

Адреса на банка: Орце Николов 3, 1000 Скопје,
Р. Македонија

Сметка бр: 300000004214007

Приходна шифра за донации: 562

ДЕВИЗНА СМЕТКА

Beneficiary: Politichka partija “Glas za Makedonija“, Skopje

Address: Orce Nikolov 155b, 1000 Skopje, Macedonia

Account: 0270100348540­

SWIFT: KOBSMK2X

BANK: Komercijalna banka AD Skopje

Bank adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, R. Macedonia

IBAN MK07300701003485468

© 2019 Глас за Македонија