БАРАМЕ, бесплатно и масовно тестирање!

ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА бара бесплатно, масовно тестирање на населението за коронавирусот. По препораките на Светската здравствена организација (СЗО) само раното тестирање и брзата изолација на заразените е единствениот ефикасен начин на запирање на ширењето. Изолирањето по региони се покажа неефикасно, бидејќи во просек секој заразен, заразува најмалку 10 луѓе околу него. Проблемот е што 80% од носителите немаат симптоми, а се високо заразени. По пример на Јужна Кореа која е засега пример за успешна приказна, бараме организаирање на неколку регионални центри за тестирање, каде луѓето кои се тестираат, остануваат во колите ( drive through clinic) и целата постапка трае 10 минути, за разлика од амбулантите кои морааат да се дезинфинфицираат после секој пациент. Резултатот го добиваат следниот ден по телефон во порака. Вакви центри веќе се организираат во повеќе земји и тоа е начин кој не бара богата инфраструктура. Македонија е мала земја и може да се заштити на овој начин. Најпрво да се почне со оние кои патувале во последните 2-3 недели (кои сега слободно се движат помеѓу луѓето), со ранливите категории и со оние кои дошле во контакт со заразен и се наоѓаат во таканаречена самоизолација, која не се проверува. Пари за тестирање мора да се најдат! Предлагаме сите членови на разни управни и надзорни одбори да работат бесплатно, како што, впрочем и треба да стане редовна пракса. Сега е моментот, кога навидум нема многу заразени! Но кога луѓето не се тестирани, таа бројка е сосема непозната. Можеби ги има многу повеќе. Глас за Македонија бара да се покаже висока одговорност и знаење за спречување на оваа смртоносна болест, која веќе може утре да се рашири како пожар!