Глас за Македонија бара безусловна оставка од Владата!


Глас за Македонија бара оставка од Владата поради, фијаското на нејзината стратегија, по блокадата на Бугарија.

– Глас за Македонија во целокупниот претходен период укажуваше јасно и гласно, дека стратегијата на жртвување на националните интереси ќе доведе до целосен пораз на надворешната и внатрешната политика. Тоа во моментов значи и национален и безбедносен ризик по државата. Последицата од овие политики е ослабување на македонското народно јадро, сведувајќи го во северномакедонските административни граници со северномакедонски атрибути. Тоа значително ја ослабе нашата меѓународна позиција. Ќе треба голема политичка волја и напор за санирање на грешките на оваа Влада. Овие грешки ги увидоа дури и досегашните гласноговорници на нејзината политика. Премногу доцна!

Глас за Македонија истакнува дека идентитетските прашања за македонскиот народ, како и за кој било друг народ, имаат суштинско значење и неограничена вредност и во однос на нив не треба да има никакво отстапување.

– Почитувањето на разликите и на спецификите во идентитетот, историјата, културата, јазикот и традицијата на македонскиот народ, како впрочем и на кој било друг народ, мораат да бидат основа за натамошното надворешно-политичко дејствување. За жал оваа прва лекција која е вградена во сите устави на светот, Владата ја пропушти. Не можеме да очекуваме дека носителите на ваквата пропадната политика имаат кредибилитет, знаење, и волја за создавање на нова национална стратегија. Тие ќе продолжат да се движат по патот на отстапки кон уценувачите, чии барања нема да сопрат!




GLAS logo
  • Grey Facebook Icon
  • Tweet
  • Глас за Македонија канал

ГЛАС за Македонија

Ул. Алберт Ајнштајн бр.1, 2-4 , 1000 Скопје

Контакт тел.: 078/321-224 

glaszamakedonija@gmail.com

ДЕНАРСКА СМЕТКА​

Политичка партија „Глас за Македонија” 

ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

Цел на дознака: Донација за Глас Скопје

Комерцијална банка АД Скопје, 

Адреса на банка: Орце Николов 3,

1000 Скопје, Р. Македонија

Сметка бр: 300000004214007

Приходна шифра за донации: 562

ДЕВИЗНА СМЕТКА

Beneficiary: Politichka partija “Glas za Makedonija“, Skopje

Address: Orce Nikolov 155b, 1000 Skopje, Macedonia

Account: 0270100348540­

SWIFT: KOBSMK2X

BANK: Komercijalna banka AD Skopje

Bank adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, R. Macedonia

IBAN MK07300701003485468

© 2021 Глас за Македонија