ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА - Да ги вратиме слободата на медиумите и достоинството на новинарите!

Во распаѓањето на општеството во сите сегменти , полека се распадна и информативниот систем,со двата вклучни чинители во него, слобдата на медиумите и уништување на достоинството на новинарите.


Најнапред почна со растурањето и уништувањето на Јавниот сервис МРТ , кој наместо Јавен сервис во овие  30 години стана Сервис на владеачката политичка гарнитура и за жал се спроведе целта, најнапред нејзино кадровско уништување, потоа укинување на продукцискиот дел  и сведување на  диригирано емитување на информации од тековните владеачки гарнитури. Така Државата доби слаб Јавен сервис ,чија гледаност е минимална а воопшто не соодвествува на функцијата Јавен сервис на граѓаните.


Во продукцискиот дел и покрај комплетната техничка опременост на МРТ, стана само преносител на лични интереси на раководните структури на некои продукции блиски до нив и власта, кои продуцираат програми и Јавниот сервис само ги емитува.


Такват слика ја има и во националните,регионалните и приватните телевизии кои се преносители на волј ата и интересите на олигарсите и тајкуните во чија власт се.


Слична е состојбата во националните радија и печатените медиуми кои за жал исчезнаа во текот на овие години.

 

Сето тоа ја доведе слободата на медиумите под прашање а со тоа остварувањето на главната цел: „точно, навремено информирање во интерес на вистината и граѓаните”.

Паралелно се уништи и професијата НОВИНАР. Достоинството и професионалноста се изгубија патем со обезвреднување на оваа професија што доведе до осиромашеност на новинарската фела а тоа до можности за манипулации во интерес на преживување на истите.


Најдобро во ова обезвреднување на медиумите и новинарите  поминаа т.н. новинарски рекетари, кои во интерес на личен профит со децении ја манипулираат јавноста, шират лаги и омраза, се во интерес на одбрана на нечии партиски или економски интереси.

Така, Медиумите во Македонија станаа само лажен приказ на нашата реалност а новинарите безлични преносители на таа слика. Поставени во подредена положба на политичките олигарси и криминални моќници, го изгубија своето значење а со тоа и смислата за постоење.


Она што поразува е се почестото обезвреднување, напади и ширење на омраза меѓу самите новинари. Се чини дека се создадоа генерации кои ни малку не ги почитуваат новинарските етички норми што дополнително дава простор на политичките олигарси и криминални моќници да манипулираат со нив а оттаму со јавноста.

Едно е сигурно дека во сите промени што мора да се случат во општеството ,мора да се случат и во медиумите и новинарската професија. Неопходно е да се врати слободата на медиумите и достоинството на професијата новинар.


„Глас за Македонија” како Политичка партија, решена е низ законска рамка еднаш засекогаш да го промени однесувањето и ставот на политичарите, креаторите на јавното мислење и центрите на моќ кои ја избегнуваат својата одговорност за транспарентно и отчетно однесување кон јавноста. 

Жртви на таквото однесување со новинарите и нивната веќе бездостоинствена професија. 

Глас за Македонија , ја подржува глобалната кампања на УНЕСКО „Новинарство без страв или наклонетост“ чија цел е подигнување на свеста за прашања поврзани со безбедноста на новинарите нивната независност од политичко или комерцијално влијание и родова еднаквост.


Нашите заложби ќе одат во таа единствена насока, со желба и цел да создадеме општество со слободни медиуми а професијата новинар да си го врати достоинството и да не биде предмет за манипулација на поединци или групи.


М-р Татјана Гогоска

новинар и комуниколог 

Recent Posts

See All
GLAS logo
  • Grey Facebook Icon
  • Tweet
  • Глас за Македонија канал

СЕДИШТЕ на ГЛАС за Македонија

Ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

тел.: 071 636 352 

glaszamakedonija@gmail.com

Регионален штаб на ГЛАС за Македонија СКОПЈЕ ИЕ1

ул. Мито Хаџивасилев Јасмин 36, 3/3/5, 1000 Скопје

Канцеларија СТРУМИЦА ИЕ4

ул. Панче Пешев 30,(патеката од Зегин кон детската болница)

Mарика Петровска +389 70 366 733

Канцеларија ШТИП ИЕ3

Ул. Борис Кидрич, деловен простор бр. 22

Мите Митевски +389 76 737 857

Канцеларија КАВАДАРЦИ ИЕ4

Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.47, Кавадарци

Гоце Златев +389 72 932 063

Канцеларија ПРИЛЕП ИЕ4

Ул. 11 Октомври 63 (до фурна „Плетварец”)

Жаклина Дамческа +389 71 209 138

zdamceska@yahoo.com

ДЕНАРСКА СМЕТКА​

Политичка партија „Глас за Македонија” 

ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

Цел на дознака: Донација за Глас Скопје

Комерцијална банка АД Скопје, 

Адреса на банка: Орце Николов 3,

1000 Скопје, Р. Македонија

Сметка бр: 300000004214007

Приходна шифра за донации: 562

ДЕВИЗНА СМЕТКА

Beneficiary: Politichka partija “Glas za Makedonija“, Skopje

Address: Orce Nikolov 155b, 1000 Skopje, Macedonia

Account: 0270100348540­

SWIFT: KOBSMK2X

BANK: Komercijalna banka AD Skopje

Bank adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, R. Macedonia

IBAN MK07300701003485468

© 2019 Глас за Македонија