ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА, прашува:

    Чија е МПЦ, кому служи? Колку време е потребно владата на Заев „да пропадне во гробот, што му го копа“ на својот народ со овој заговор, интриги и невидени лаги? Воедно, доколку за тоа треба повеќе време отколку што останува за потпишување на предавничкиот договор и со јужниот сосед, Глас за Македонија повикува на итно обединување на сите истомислечки сили во земјава, користејќи ги расположивите демократски средства и методи на протест – се’ до уривањето на оваа влада, а со цел, да ја спасиме нашата единствена држава, Република Македонија! Трагикомедијата на Зоран Заев и на неговата влада што ѝ ја приредуваат на Македонија веќе една цела година, секој ден има по еден нов скандалозен чин! Тоа до денес, не му успеало ниту на еден даровит драматург, ниту на еден политичар „лидер“. Освен дрското дезинформирање на јавноста за текот на преговорите со Ципрас, за кои „лидерот“ не доби дозвола од мнозинството на македонскиот народ, а за кои точните информации ни доаѓаат од југ (при што владата не сфаќа дека тоа е врв на понижувањето), вчера и денес, шокот на македонската јавност е поврзан со Црквата. Преку социјалните мрежи, кои ја преземаа улогата - ако не да изнесат проверени информации, барем да ги испровоцираат, денес, по сесијата пратенички прашања, објавеното писмо на владата до Патријаршијата во Истанбул и од грчките реакции, со метод на вкрстување и редење камчиња во мозаик, сфативме дека:


    1. Владата на една секуларна држава, со име Република Македонија (за владата, привремено име), се зафати со пишување официјални писма до највисоки црковни институции, во случајов, до Вселенската патријаршија (понатаму ВП) во Истанбул;


    2. Првиот министер З. З. (без да му затрепери гласот), на пратениците денес им тврдеше дека со тоа писмо само го поткрепил писмото на Архиерејскиот Синод на МПЦ-ОА до Вселенската патријаршија, со цел да се реши канонскиот статус на нашата црква, а портпаролот на владата, тврдеше дека премиерот не барал промена, т.е. елиминација на името (Македонија, Македонска). Синодот на МПЦ – ОА, конечно, откри дека пред околу еден месец, испратил писмо до ВП барајќи решавање на својот канонски статус, како Охридска Архиепископија (без МПЦ), значи и тој „апла“ не се откажал од името, само „го скратил“ за делот МПЦ, но останало историското, канонско име - ОА;


    3. Дека во случајов, работата на Заев да го комплетира пакетот за името во неговите „лични“ преговори со Ципрас, ја врши и МПЦ, ни разјаснија грчките медиуми. Тие ги пренесоа изјавите на нивните политичари, дека Заев се обврзал да ја елиминира употребата на името и во називот на црквата, која нели, е Македонска Православна Црква. Во чиновите на македонската трагикомедија „ин виво“, З. Заев, т.е. сценаристите, заборавиле дека партнерот од југ е лукав и немилосрден. Тој нема да ги поштеди ниту кога му прават услуга (т.е. му се простираат без задршка), па соопштувајќи ги информациите од нивна страна, ги откриваат лагите на „нашата“ страна. Тоа се пак толку плитки и ефтини играрии, што не вреди да се повторува, дека З. З. ја навредува интелигенцијата на македонскиот народ. Она што е уште по срамно и жално, е дека во овој чин, Г.Г. Стефан, кој има обврски кон македонските верници овде и низ светот, сега, се стави во улога на олеснувач на З.З., кој треба да остане „со чисти раце“!


    Скопје, 31 мај 2018 г.

    GLAS logo
    • Grey Facebook Icon
    • Tweet
    • Глас за Македонија канал

    СЕДИШТЕ на ГЛАС за Македонија

    Ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

    тел.: 070 542 005 

    glaszamakedonija@gmail.com

    Регионален штаб на ГЛАС за Македонија СКОПЈЕ ИЕ1

    ул. Мито Хаџивасилев Јасмин 36, 3/3/5, 1000 Скопје

    Канцеларија СТРУМИЦА ИЕ4

    ул. Панче Пешев 30,(патеката од Зегин кон детската болница)

    Mарика Петровска +389 70 366 733

    Канцеларија ШТИП ИЕ3

    Ул. Борис Кидрич, деловен простор бр. 22

    Мите Митевски +389 76 737 857

    Канцеларија КАВАДАРЦИ ИЕ4

    Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.47, Кавадарци

    Гоце Златев +389 72 932 063

    Канцеларија ПРИЛЕП ИЕ4

    Ул. 11 Октомври 63 (до фурна „Плетварец”)

    Жаклина Дамческа +389 71 209 138

    zdamceska@yahoo.com

    ДЕНАРСКА СМЕТКА​

    Политичка партија „Глас за Македонија” 

    ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

    Цел на дознака: Донација за Глас Скопје

    Комерцијална банка АД Скопје, 

    Адреса на банка: Орце Николов 3,

    1000 Скопје, Р. Македонија

    Сметка бр: 300000004214007

    Приходна шифра за донации: 562

    ДЕВИЗНА СМЕТКА

    Beneficiary: Politichka partija “Glas za Makedonija“, Skopje

    Address: Orce Nikolov 155b, 1000 Skopje, Macedonia

    Account: 0270100348540­

    SWIFT: KOBSMK2X

    BANK: Komercijalna banka AD Skopje

    Bank adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, R. Macedonia

    IBAN MK07300701003485468

    © 2019 Глас за Македонија