ГРАДЕЖНИШТВОТО И НИЕ

Размислував долго од каде да почнам со моето блогување. Како да го вовлечам во мојот свет на ситен градежник, просечниот граѓанин кого го нервира скопската градежна експанзија. Станови на кило, 10 коли а едно паркинг место, куќарки околу кои никнале седумкатници, градоначалници со стан во секоја зграда за која потпишал градежна дозвола. Секој ќе ја каже познатата флоскула - „остај ги тие се мафија”. Се турија од крадење.


Приказна 1

Пред некој ден ми доаѓа очајна жената што ги одржува канцелариите - ,,Мој Мирче ќе оди за Германија со моите внуци!”. Ја смирувам обидувајќи се да разберам што се случува. Знам - Мирче прави кровови и незнам уште што се не работи за различни фирми. Очајната мајка продолжува низ солзи - ,,Нема работа, ништо не се гради”. И велам дека не е така и дека пак ќе има работа и дека ова ќе помине. Се сврти кон мене и со прашањето ме посрами ,,А дотогаш што ќе јадат моите внуци?” Замолчев незнаејки што да кажам. Незамислива ми беше помислата дека има луѓе со такви основни егзистенцијални проблеми. Се сетив дека е член на владеачката партија па и реков: „Што не побара некоја работа во партија?”. Ме погледна тажно и засрамено прозборе: „Беше во локална. Му рекоа дека не може во администрација, да се стрпи. Се ќе биде во ред само да ги средат работите со урбаната мафија”. „А Мирче што кажа” - ја прашав? „Па колкава е таа урбана мафија штом нема работа. Зар сите градежници се урбана мафија”? Се насмеав на духовитиот одговор на Мирче и си помислив колку е во право. Мафијата не создава вредности. Таа зема се и остава пустош зад себе. Мирче со семејството замина за Германија…


Приказна 2

Ми се јави една пријателка проектант и ме замоли ако можам да му помогнам на инвеститорот за кој работи. „Во ред, дојдете” - и одговорив. Се појавија за помалку од 30 мин. Инвеститорот беше странец, но секоја чест, научил доволно македонски за да разговараме. Седна и прво што забележав беа рацете што му се тресат и страшниот егзем кој беше раскрварен до рани. Забележав дека го погледнав запрепастено и рече „Извините, се ми е на нерва база”. Во ред е - му одговорив. ,,Како можам да ви помогнам?”. Ја почна својата приказна дека работи со семен капитал, дека купил земјиште за градба, да гради згради и дека го платил два и пол милони евра. Но општината тоа земјиште со измена на урбанизмот го направила - зеленило. „Купив парк” - кисело се насмевна. Го слушам и го прашувам што тука можам да помогнам, мислејки си во себе „Јас себе си не можам да си ги решам работите а камо ли тебе...” „Вашата колешка спомна дека имате добар адвокат кој ја разбира правната регулатива во градежништвото и дека реално би ми кажала кои се шансите и постои ли начин да се извлечам од ова”. „Па зар не бевте во некоја адвокатска фирма”? - прашав. „Бев, ми рекоа да ја тужам општината, но реално не ми рекоа кои се шансите да го добијам спорот.” ”Хммм - да, тоа никој не може да ви го гарантира” прокоментирав. Го повикав мојот адвокат кој само му ги повтори моите зборови. Разочаран стана, се заблагодари на времето кое му го посветивме и замина. Почувствував неверојатна тежина кога си замина. Дал сме нормални?


Приказна 3

Како фурија влезе во мојата канцеларија мојот поранешен изведувач на земјани работи, почна да пцуе уште на самиот влез. Вика, а мене ми треба време да сватам што толку го извадило од памет човеков. „Извини, бев во близина во банка и не бев способен да возам после состанокот таму, а ти ми беше близу, па си реков да се смирам малку. Извини...” -повтори. „Што ти се случи?” го прашав. Знам дека со помош на претходната власт влезе во големи бизниси и инвестиции, ја разви фирмата. „Предходно добив на тендер голема работа, потпишав договор со државата и купив машини со кредити од банката, а сега ја стопираа целата работа, па ги отпуштив работниците и најверојатно ке одам во стечај. Банката си ги бара парите. Ми даде кредит врз основа на тој договор, па сега незнам што ке правам”.

,,Па така е кога си се фатил на оро со волци” помислив, но ништо не кажав. Со синовите работиме мала семејна фирма која никогаш не се осмелила да се впушти во големи проекти за кои државата распишува тендери. Ние - Галичкото. Поарно мала заработувачка но сигурна - отколку вакви стресови. Така си велиш и се оградуваш се додека не заигра мечка и во твојот двор. Овде е поважно да се гонат вештерки отколку да се работи на унапредвање на состојбите.


Што се придвижува и како се придонесува градежништвото во општеството? Кратко кажано - многу. Само во изградбата на еден мал станбен објект се ангажирани куп изведувачи и се вградени многу различни материјали. Се запослуваат стручни луѓе, се инвестира во нивниот развој, расте понудата на материјали, општината и државата остваруваат прилив на средства од комуналии и даноци.


Па, ќе се запраша човек како се одразува на сите нас мораториум во градежништво. Секој од нас на свој начин ќе го почуствува. Сега сеуште ги релативизираме работите бидејки не ни се верува колкави можат да бидат последиците во државата и по нас. Па ни богати земји не можат да си дозволат да застане една витална гранка како градежништвото. Додека се прават ревизии и гонат вештерки, а што е најтрагично во мала средина како нашата и обичниот човек ги знае вештерките со име и презиме - сите не ставаат во ист кош, сите ги трпиме а и допрва ќе ги почуствуваме последиците од разноразни ревизии и мораториуми. Најтрагично од се е што вистинската урбана мафија има доволно пари да преживее а најверојатно ќе направи и нови договори со новите спонзори, а на малите компании господ да ни е на помош.

И така некој ќе ја напушти државата, некој што случајно дошол да инвестира ќе замине во паника, а ние ќе живееме и работиме за да преживееме без голема надеж.


GLAS logo
  • Grey Facebook Icon
  • Tweet
  • Глас за Македонија канал

СЕДИШТЕ на ГЛАС за Македонија

Ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

тел.: 071 636 352 

glaszamakedonija@gmail.com

Регионален штаб на ГЛАС за Македонија СКОПЈЕ ИЕ1

ул. Мито Хаџивасилев Јасмин 36, 3/3/5, 1000 Скопје

Канцеларија СТРУМИЦА ИЕ4

ул. Панче Пешев 30,(патеката од Зегин кон детската болница)

Mарика Петровска +389 70 366 733

Канцеларија ШТИП ИЕ3

Ул. Борис Кидрич, деловен простор бр. 22

Мите Митевски +389 76 737 857

Канцеларија КАВАДАРЦИ ИЕ4

Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.47, Кавадарци

Гоце Златев +389 72 932 063

Канцеларија ПРИЛЕП ИЕ4

Ул. 11 Октомври 63 (до фурна „Плетварец”)

Жаклина Дамческа +389 71 209 138

zdamceska@yahoo.com

ДЕНАРСКА СМЕТКА​

Политичка партија „Глас за Македонија” 

ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

Цел на дознака: Донација за Глас Скопје

Комерцијална банка АД Скопје, 

Адреса на банка: Орце Николов 3,

1000 Скопје, Р. Македонија

Сметка бр: 300000004214007

Приходна шифра за донации: 562

ДЕВИЗНА СМЕТКА

Beneficiary: Politichka partija “Glas za Makedonija“, Skopje

Address: Orce Nikolov 155b, 1000 Skopje, Macedonia

Account: 0270100348540­

SWIFT: KOBSMK2X

BANK: Komercijalna banka AD Skopje

Bank adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, R. Macedonia

IBAN MK07300701003485468

© 2019 Глас за Македонија