Да живее Република Македонија – СЕКОГАШ И ЗА СИТЕ!



Седницата на Собранието на Република Македонија на чиј дневен ред повторно ќе биде точката, Ратификација на Договорот со Грција потпишан од Димитров – Коцијас, е закажана за утре, ден по национален празник на големиот пријател од преку океанот, кој македонската валадејачка гарнитура веројатно ќе го прослави спокојно и бодро - како да е нејзин празник!

Глас за Македонија, ќе го наруши празничното расположение на пратениците со пораките:

Имате уште едно (!?) деноноќие и единствена шанса да размислите, за да ја разбудите вашата совест, чувството на одговорност кон Уставот пред кој сте се заколнале да го штитите и пред граѓаните кои масовно се каат и откажуваат од гласот што ви го дале за да носите (и) судбински закони. Не гласајте повторно за ратификација на капитулантскиот Договор Заев - Ципрас !

Верувајте, многу полесно ќе ви биде ако му се спротивставите на диктаторot и нелегален премиер (иако зад него стојат глобални моќници), отколку да живеете со товарот на совеста, на тагата и гневот на народот и на пораките на македонските синови и ќерки кои со векови ја граделе визијата за слободна држава на македонскиот народ и за неа поднеле најголеми жртви.

Мислете на клетвите и срамот што ќе им го оставите на вашите потомци, на обезличувањето и исчезнувањето на Македонија и Македонците, после толку историски премрежија, а немерлив трезор на културно наследство – јазик, писменост, историска меморија, народна и современа уметност!

Освен моралните, духовните и за некого идеалистички аспекти на ИМЕТО МАКЕДОНИЈА и Македонскиот Идентитет, размислете и за легалистичката страна: озаконувањето на Договорот е неуставен чин и создава правни последици што се основа за кривично дело! Ако гласате за и со тоа ја доведете сопствената држава во положба на потчинетост кон друга држава, следи казна затвор од најмалку пет години!

Имате време да ги прочитате петте точки поради кои Претседателот Иванов не го потпиша Указот за прогласување на Законот за ратификација на популарно наречениот срамен договор Заев-Ципрас.. а и да размислите за ставот на вашиот колега од владејачката коалиција во Собранието, кој доблесно се издвои од вашата (бизнис) пратеничка групација. Има од нив што да се научи!

Ајде кренете глава, кажете НЕ и заедно со мнозинството на македонскиот народ, да го славиме ослободувањето од ова црно, ѓаволско искушение, кое притиска со лажни ветувања и со понижувачки „правни“ досетки против уставниот поредок на Република Македонија.

Кон решавање на проблемите на државата и посакуваниот развој, да се зафатиме со сопствени сили!

GLAS logo
  • Grey Facebook Icon
  • Tweet
  • Глас за Македонија канал

СЕДИШТЕ на ГЛАС за Македонија

Ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

тел.: 071 636 352 

glaszamakedonija@gmail.com

Регионален штаб на ГЛАС за Македонија СКОПЈЕ ИЕ1

ул. Мито Хаџивасилев Јасмин 36, 3/3/5, 1000 Скопје

Канцеларија СТРУМИЦА ИЕ4

ул. Панче Пешев 30,(патеката од Зегин кон детската болница)

Mарика Петровска +389 70 366 733

Канцеларија ШТИП ИЕ3

Ул. Борис Кидрич, деловен простор бр. 22

Мите Митевски +389 76 737 857

Канцеларија КАВАДАРЦИ ИЕ4

Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.47, Кавадарци

Гоце Златев +389 72 932 063

Канцеларија ПРИЛЕП ИЕ4

Ул. 11 Октомври 63 (до фурна „Плетварец”)

Жаклина Дамческа +389 71 209 138

zdamceska@yahoo.com

ДЕНАРСКА СМЕТКА​

Политичка партија „Глас за Македонија” 

ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

Цел на дознака: Донација за Глас Скопје

Комерцијална банка АД Скопје, 

Адреса на банка: Орце Николов 3,

1000 Скопје, Р. Македонија

Сметка бр: 300000004214007

Приходна шифра за донации: 562

ДЕВИЗНА СМЕТКА

Beneficiary: Politichka partija “Glas za Makedonija“, Skopje

Address: Orce Nikolov 155b, 1000 Skopje, Macedonia

Account: 0270100348540­

SWIFT: KOBSMK2X

BANK: Komercijalna banka AD Skopje

Bank adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, R. Macedonia

IBAN MK07300701003485468

© 2019 Глас за Македонија