Да се побара помош од Кина!

Претседателката на „Глас за Македонија“, проф. д-р Солза Грчева смета дека „веднаш треба да се побара помош од Кина, по примерот на Србија“. Воедно, таа истакнува: „Ниту имаме тестови, ниту респираторни машини, ниту маски, ракавици, лекови, ниту доволно обучен медицински персонал. Ова треба да го признаат луѓето од власта пред себе и пред целата македонска јавност и да бараат итна помош. Се разбира дека во оваа тешка ситуација, нашата дисциплина е многу важна. Без паника, но со ум. Друго нема!“