ЗАШТИТА ИЛИ ЛИЧНА КОРИСТ



Критика на тркалезна маса или tabula rasa

Потребните дебати околу потребите кои со години ги има заштитата на културното добро се претворија во телевизиски дебати со учество на исти луѓе, веќе далеку од заштитата, а поблиску до политиката и своеличните интереси. Ниеден медијски програм досега интензивно не се заинтересирал за документаристички пристап на процесите за конзервација-реставрација или прием на стручни лица-конзерватори непосредно инволвирани во реализацијата на заштитата кои непристрасно би говореле за големите проблеми настанати децении наназад во областа на заштитата на културните добра.


Стручна политика/стратегија или политиканство, непотизам, испревртени вредности

Недостатокот на културна стратегија која со месеци наназад е јавна тема, беше список и листа на најзначајните споменици од културата уште во 90-те години, а раководниот кадар годишно оддржуваше седници во кои се распределуваа програмските задачи и државниот расположлив буџет. Сегашната меѓуинституционална некооринираност дозволи непроценливи финансиски средства да бидат потрошени, заради некомпетенцијата на раководниот кадар, нивната некомуникација, изолација, со која проекти од голема важност не се покриени целосно со финансиски средства, туку истите се даваат сукцесивно, во фази (особено археолошките проекти) , а тоа дозволува пролонгирање на санацијата на штети, предизвикува нови штети по спомениците, истовремено го оптеретува буџетот затоа што за отпочнување на секоја нова акција (финансиски средства во фази) го нарушува континуитетот на стручно екипираните тимови на терен, коишто зависат од временските прилики и неприлики и сместување. Исто така секој проект започнува со 70% од одобрените финансиски средства, а по реализацијата на истиот Министерството за култура и Министерството за финансии ги пушта и останатите 30%, што од друга страна во предметот пресметка биле вклучени во самата реализација. Кога се говори за поголеми суми, ваквите дискрапанци доведуваат до неплатени сметки и трошоци на терен, што оддаваат лоша слика во заштитата. Друга аномалија е секогаш наново изработувањето на стручни проекти заради новонастанатите состојби, што ја пролонгира во години непосредната заштита (реализацијата на проектот), негира превентивата заштита и го оптоварува буџетот со административни, наместо со заштитарски работи.


Толеранција како културна широградост, не како деформација!

Со вработување на кадри од други националности кои заштитени со законот на Рамковниот договор по секоја цена ги пополнуваат и натрупуваат административните места, како и стручните, најчесто не ги запазуваат критериумите за работа и степен на образование, што најчесто резултура со негативна оцена и во приправничкиот стаж во кој секој кандидат треба да покаже интерес, умеење и совладување на работите и работните задачи за кои е назначен и вработен пред сè. Затоа, подобро да е 100% невработен одошто 20% способен. Ваквата привилегија започна да се користи како инструмент за вработување кај секој млад, образуван човек, свесен дека политиката, партиската определеност му носи адут за идно вработување. Назначувањето на раководен кадар (директори, раководители и сл.) оди директно од партиските штабови, каде процената на стручен квалитет не се одвива!


Оцена, процена на квалитет за способност и работоспособност инволвира критика во компаративна смисла а тоа не значи дека секој неадекватен во оваа област може критиката да ја етикетира како говор на омраза!

Оние кои навистина се извојуваат по својата компетентност да дадат реална оцена за нечија друга способност, го практикуваат и ценат хиерархискиот кариерен систем. Штом ланецот некаде се извитопери или прекине, паѓа целиот систем за оцена на квалитет. Со упадот на партиски кадри кои се поддржуваат меѓусебно и сè повеќе го развиваат, поддржуваат и умножуваат непотизмот, тенденцијата за пристрасност, лицемерство дозволуваат да расте лошата оцена за стручност.


Традиција како научен поим во културата, а не како традиционална алатка за навики по намера

Намалувањето, особено на етнолошки кадар произведе слободен простор за трка или негирање на одредени стари навики и нивното потекло, многу од нив препознавани како идентични за овој простор од други странски научници. Со тоа, во нашата земја, областа во културата и заштитата на ваквите поими, дефинирани и со Законот за култура, останаа незаштитени од ударот на политиката и нејзините секојдневни различни струења, мислења и инсинуации.


Културата има еден јазик - културниот!

Recent Posts

See All
GLAS logo
  • Grey Facebook Icon
  • Tweet
  • Глас за Македонија канал

СЕДИШТЕ на ГЛАС за Македонија

Ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

тел.: 071 636 352 

glaszamakedonija@gmail.com

Регионален штаб на ГЛАС за Македонија СКОПЈЕ ИЕ1

ул. Мито Хаџивасилев Јасмин 36, 3/3/5, 1000 Скопје

Канцеларија СТРУМИЦА ИЕ4

ул. Панче Пешев 30,(патеката од Зегин кон детската болница)

Mарика Петровска +389 70 366 733

Канцеларија ШТИП ИЕ3

Ул. Борис Кидрич, деловен простор бр. 22

Мите Митевски +389 76 737 857

Канцеларија КАВАДАРЦИ ИЕ4

Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.47, Кавадарци

Гоце Златев +389 72 932 063

Канцеларија ПРИЛЕП ИЕ4

Ул. 11 Октомври 63 (до фурна „Плетварец”)

Жаклина Дамческа +389 71 209 138

zdamceska@yahoo.com

ДЕНАРСКА СМЕТКА​

Политичка партија „Глас за Македонија” 

ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

Цел на дознака: Донација за Глас Скопје

Комерцијална банка АД Скопје, 

Адреса на банка: Орце Николов 3,

1000 Скопје, Р. Македонија

Сметка бр: 300000004214007

Приходна шифра за донации: 562

ДЕВИЗНА СМЕТКА

Beneficiary: Politichka partija “Glas za Makedonija“, Skopje

Address: Orce Nikolov 155b, 1000 Skopje, Macedonia

Account: 0270100348540­

SWIFT: KOBSMK2X

BANK: Komercijalna banka AD Skopje

Bank adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, R. Macedonia

IBAN MK07300701003485468

© 2019 Глас за Македонија