ЗОШТО ТРЕБА ДА ГО БОЈКОТИРАМЕ РЕФЕРЕНДУМОТ?



Почитувани граѓани,


Како што знаете, наскоро во нашата Татковина ќе се одржи Референдум кој може да се искорити (или подобро речено злоупотреби) за историски, судбински прашања за Република Македонија и македонскиот народ, поврзани со неодамнешниот т.н. Преспански договор меѓу Македонија и нашиот јужен сосед. Ние Ви се обраќаме со повик за БОЈКОТ! Но, чесно е да Ви ги образложиме најважните причини што нѐ наведуваат на ваквиот чекор, па затоа тие Ви ги презентираме во следниве точки:


  1. Преспанскиот договор (во врска со кој е и самиот референдум) го понижува македонскиот народ уште на самиот почеток. Имено, уште во преамбулата од овој договор името на нашата држава, Македонија, воопшто не се наведува, туку се користи терминот „втората страна“, што не е случај со името на нашиот јужен сосед.

  2. Според овој договор, за нашата Татковина се прифаќа името Северна Македонија, како име за севкупна употреба. НИКОЈ нема легитимно право да преговара и да потпише каков било договор за прашања кои не се опфатени со Привремената спогодба и со Резолуцијата на Советот на безбедност на ООН, а како прво, тоа е уставното име на Република Македонија. Со менување на уставното име, ги бришеме своите корени и со тоа дозволуваме да нѐ третираат како вештачка, новоформирана нација. Ова, секако, е неприфатливо за Македонците. Правото на самоопределување е загарантирано за сите држави во ООН и секако Македонија не треба и не смее да биде исклучок. Имајќи го ова предвид, најголемиот број земји-членки на ООН (137) веќе нѐ признаа под нашето уставно име – Република Македонија.

  3. Чиста лага е дека со овој договор се заштитува македонскиот јазик и македонскиот национален идентитет! Што се однесува до јазикот, да напомнеме дека тој е кодифициран уште во 1945 и како таков е меѓународно признат на Третата конференција на ООН, во Атина, 1977. Впрочем, со Привремената спогодба и со Резолуцијата на Советот на безбедност на ООН за ирационалниот спор за името, истиот НЕ МОЖЕ да биде проширен на националниот идентитет на македонскиот народ и името на македонскиот јазик, во неговите јазични изрази кои се општоприфатени во светската лингвистичка наука (македонски, Мacedonian, macedonien, Мazedonische итн.). Спротивно на ова, Преспанскиот договор предвидува бришење на придавката македонски (и граматичките форми што произлегуваат од неа) дури и за внатрешна употреба!

  4. Ниту Преспанскиот договор, ниту самиот референдум, како според правната постапка, така и според легитимноста на потписникот на срамниот договор, не се легитимни! Напротив, Уставот на Република Македонија е повеќекратно прекршен.

  5. Референдумот е консултативен! Консултативен референдум се организира со цел да се сондира мислењето на граѓаните ПРЕД власта да преземе некои чекори. Во овој случај, договорот е веќе потпишан, така што ваков тип на референдум е бесмислен!

  6. Референдумското прашање не е валидно! „Три – во едно“! Во навидум едно прашање, се содржат три прашања, кои може да бидат различно одговорени. Целта на вака формулираното прашање е да заведе дел од граѓаните кои би се определиле за членство на Македонија во НАТО и ЕУ.


Затоа почитувани граѓани БОЈКОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ!!!


Политичка партија Глас за Македонија


#бојкотирам, #игнорирам



GLAS logo
  • Grey Facebook Icon
  • Tweet
  • Глас за Македонија канал

СЕДИШТЕ на ГЛАС за Македонија

Ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

тел.: 071 636 352 

glaszamakedonija@gmail.com

Регионален штаб на ГЛАС за Македонија СКОПЈЕ ИЕ1

ул. Мито Хаџивасилев Јасмин 36, 3/3/5, 1000 Скопје

Канцеларија СТРУМИЦА ИЕ4

ул. Панче Пешев 30,(патеката од Зегин кон детската болница)

Mарика Петровска +389 70 366 733

Канцеларија ШТИП ИЕ3

Ул. Борис Кидрич, деловен простор бр. 22

Мите Митевски +389 76 737 857

Канцеларија КАВАДАРЦИ ИЕ4

Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.47, Кавадарци

Гоце Златев +389 72 932 063

Канцеларија ПРИЛЕП ИЕ4

Ул. 11 Октомври 63 (до фурна „Плетварец”)

Жаклина Дамческа +389 71 209 138

zdamceska@yahoo.com

ДЕНАРСКА СМЕТКА​

Политичка партија „Глас за Македонија” 

ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

Цел на дознака: Донација за Глас Скопје

Комерцијална банка АД Скопје, 

Адреса на банка: Орце Николов 3,

1000 Скопје, Р. Македонија

Сметка бр: 300000004214007

Приходна шифра за донации: 562

ДЕВИЗНА СМЕТКА

Beneficiary: Politichka partija “Glas za Makedonija“, Skopje

Address: Orce Nikolov 155b, 1000 Skopje, Macedonia

Account: 0270100348540­

SWIFT: KOBSMK2X

BANK: Komercijalna banka AD Skopje

Bank adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, R. Macedonia

IBAN MK07300701003485468

© 2019 Глас за Македонија