Нападнати се македонските институции и постигнувања!

Деновиве покрај вонредната состојба во која живееме и ја преживуваме, се наоѓаме под ударите на една специјална војна која треба да предизвика и психолошки реакции – несугурност, сомневање, двоумење, себенегирање и негирање на македонскиот историски развој, на македонскит јазик, идентитет. Накратко, да се умртви каква било мисла и чувство на Македонецот за посебен и автентичен национален интегритет и физиономија! Изјавите на еден стар професор со кои го негира македонството на нашите историски личности и силно извикува „Аз с’м малко Б’лгарче“, веќе стануваат козерија, општанародна забава. Но, овој лик добива сериозни диминзии, кога ќе се потсетиме што и кого сè претставува тој – претседателот на македонската држава, партиската камарила (со поддржувачите) која е и актуелна власт и се претставува од името на државата „Република Северна Македонија“. Ова значи, дека имаме сериозен проблем со власта, која ги претставува државните институции, добива народни пари за оваа функција и која треба да се грижи за македонските државни и национални интереси и вредности. Ама, таа тера по „северната“ логика, со оглед на нејзиниот нелегитимен и нелегален историјат. Наместо да ги издигне и истакне македонските научни, образовни, културни институции и нивните постигнувања, кои пред светската јавност го претставуваат нашиот национален идентитет, власта го негира сето тоа, со деанијата на Д. Малески и нему сличните. Ова го прави, затоа што на тоа се обврзала потпишувајќи ги ужасните договори (2017/19) кои го негираат нашето македонско име, посебниот македонски историски развој со потребните елементи (јазик, историја, обичаи, бит интегритет). Така сега, при немање датум за преговори за влез во ЕУ, таа на „добриот“ сосед Бугарија треба да ѝ исполни неколку услови – да се каже пред целата светска јвност (ЕУ и ООН) дека нема македонско малцинство во Бугарија, дека не постои македонски јазикот, туку службен јазик на државата, а учебниците по историја да ни бидат заеднички, бугарски. Денко и нему случните, се само неформална и патетична порака од власта! Нападнати се македонските институции и нивносто постигнување во последниве седумдесет години! Господо, вие што сте власт и негувате ликови и постапки, кои го негираат македонството, имате во моментов „сто тона“ вина и одговорност пред македонската јавност и општество!



GLAS logo
  • Grey Facebook Icon
  • Tweet
  • Глас за Македонија канал

СЕДИШТЕ на ГЛАС за Македонија

Ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

тел.: 070 542 005 

glaszamakedonija@gmail.com

Регионален штаб на ГЛАС за Македонија СКОПЈЕ ИЕ1

ул. Мито Хаџивасилев Јасмин 36, 3/3/5, 1000 Скопје

Канцеларија СТРУМИЦА ИЕ4

ул. Панче Пешев 30,(патеката од Зегин кон детската болница)

Mарика Петровска +389 70 366 733

Канцеларија ШТИП ИЕ3

Ул. Борис Кидрич, деловен простор бр. 22

Мите Митевски +389 76 737 857

Канцеларија КАВАДАРЦИ ИЕ4

Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.47, Кавадарци

Гоце Златев +389 72 932 063

Канцеларија ПРИЛЕП ИЕ4

Ул. 11 Октомври 63 (до фурна „Плетварец”)

Жаклина Дамческа +389 71 209 138

zdamceska@yahoo.com

ДЕНАРСКА СМЕТКА​

Политичка партија „Глас за Македонија” 

ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

Цел на дознака: Донација за Глас Скопје

Комерцијална банка АД Скопје, 

Адреса на банка: Орце Николов 3,

1000 Скопје, Р. Македонија

Сметка бр: 300000004214007

Приходна шифра за донации: 562

ДЕВИЗНА СМЕТКА

Beneficiary: Politichka partija “Glas za Makedonija“, Skopje

Address: Orce Nikolov 155b, 1000 Skopje, Macedonia

Account: 0270100348540­

SWIFT: KOBSMK2X

BANK: Komercijalna banka AD Skopje

Bank adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, R. Macedonia

IBAN MK07300701003485468

© 2019 Глас за Македонија