[За комплексите од незнаење, за Александар Македонски, цар Самоил...

... Св Кирил и св.Методиј, Григор Прличев и др.]


„Оф, логика, о знаење на историјата, о големо умување“ на г-от Димитров и нему сличните! Ние Македонците не сме нација со комплекси, напротив! Срам ни е нам, што ве слушаме, а и „учебникарите“ комисиски што бунцаат за историјата наша! Постои научна продукција од 73 години во РМ! Во оваа научна ризница, се истражува, проучува и се пишуваат огромен број на дела за историскиот развој на македонскиот народ, неговиот идентитет, јазик, фолклор итн. Но во сегашново време има „сили во воздухот“ кои очајно прават сè да ни го отткорнат коренот македонски, нашиот историски опстој и право на суверинитет. Генезата на македонскиот народ (како и на другите народи) има длабока верткала на вкрстување во историскиот контекст од антиката до современието. Намерно не велам дека линијата е директна! Таа поврзаност ја согледале и нашите преродбеници од 19 век. Така, учебникарот Димитар Василев Македонски од с.Емборе (денес во Егејскиот дел на Македонија), прв истакнал: „Македонците не се загубиле од лицето на земјата, како што си дозволуваат некои да велат, зашто, колку што знаеме ние, тие не згрешиле некогаш, па да зине земјата и да ги голтне“ (1871). Слично на него и ГРИГОР ПРЛИЧЕВ, оној истиот „Гр.С.Пърличев, убит от българи“, на прославата одржана по повод 1000-годишнината од смртта на св.Методиј (1885) во егзархиската гимназија во Солун, на убав македонски јазик што имало специфичен резонанс во таа свечена атмосфера, го рекол следново:„Учителите...[треба, б.н.] да ги учат вашите деца да станат добри граѓани и да си ја подигнат татковината, оваа убавица Македонија, оваа топла и благодатна Македонија, оваа плодовита Македонија, која ги подарила светите Кирил и Методија. Не сте ли уверени, господа, оти нашата Македонија денеска е најдолна од сите земји во светот? Не е ли голем срам за Македонците, кои едно време преку Александра Великого го покорија целиот свет, кои после преку светите Кирил и Методија покрстија милиони Словени и ги просветија, денеска ние да бидеме најдолни од сиот свет во просвештението...Мајка Македонија многу е ослабнета. Откако го породи великого Александра, откако ги породи светите Кирила и Методија, оттога мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнеможена, совршено примрена Мајка што родила великого сина надали ќе може да роди и другего?...“ Има уште многу, но за сега и ова е доволно за гореспоменатите (не)читачи! Книгите треба да ги читаме, заради стекнување на знаења и стекнување на црст став и однос!


Наташа Котлар-Трајкова

GLAS logo
  • Grey Facebook Icon
  • Tweet
  • Глас за Македонија канал

СЕДИШТЕ на ГЛАС за Македонија

Ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

тел.: 071 636 352 

glaszamakedonija@gmail.com

Регионален штаб на ГЛАС за Македонија СКОПЈЕ ИЕ1

ул. Мито Хаџивасилев Јасмин 36, 3/3/5, 1000 Скопје

Канцеларија СТРУМИЦА ИЕ4

ул. Панче Пешев 30,(патеката од Зегин кон детската болница)

Mарика Петровска +389 70 366 733

Канцеларија ШТИП ИЕ3

Ул. Борис Кидрич, деловен простор бр. 22

Мите Митевски +389 76 737 857

Канцеларија КАВАДАРЦИ ИЕ4

Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.47, Кавадарци

Гоце Златев +389 72 932 063

Канцеларија ПРИЛЕП ИЕ4

Ул. 11 Октомври 63 (до фурна „Плетварец”)

Жаклина Дамческа +389 71 209 138

zdamceska@yahoo.com

ДЕНАРСКА СМЕТКА​

Политичка партија „Глас за Македонија” 

ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

Цел на дознака: Донација за Глас Скопје

Комерцијална банка АД Скопје, 

Адреса на банка: Орце Николов 3,

1000 Скопје, Р. Македонија

Сметка бр: 300000004214007

Приходна шифра за донации: 562

ДЕВИЗНА СМЕТКА

Beneficiary: Politichka partija “Glas za Makedonija“, Skopje

Address: Orce Nikolov 155b, 1000 Skopje, Macedonia

Account: 0270100348540­

SWIFT: KOBSMK2X

BANK: Komercijalna banka AD Skopje

Bank adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, R. Macedonia

IBAN MK07300701003485468

© 2019 Глас за Македонија