НЕМИНОВНИ СЕ ЕКОЛОШКИ ОПРАВДАНИ АЛТЕРНАТИВНИ РЕШЕНИЈА ЗА ГАСОВОДОТ ОД СКОПЈЕ ДО КИЧЕВО


Партијата ГЛАС за Македонија изразува загриженост поради последните изјави на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во поглед на проектот за изградба на делницата 5 од гасоводот која од Скопје преку Гостивар треба да води кон Кичево. Тој во одговор на реакциите од страна на граѓаните и еколошките здруженија за штетните ефекти од реализацијата на овој проект доколку гасоводот минува низ Водно категорично ја отфрли можноста да се избере каква било нова, алтернативна траса за спроведување на гасоводот.

Во неговиот веќе препознатлив арогантен стил на однесување и од позиција на моќ вицепремиерот манифестираше игнорантски став и непознавање на постојната регулатива, вклучително и на Просторниот план на Република Македонија кои предвидуваат посебен режим на заштита за Парк-шумата Водно. Со тоа, тој целосно се стави во функција на одбрана на најавениот инфраструктурен проект за и по цена на деградација на животната средина со несогледливи последици по биодиверзитетот, шумскиот фонд и здравјето на граѓаните на главниот град.

Ова ли се европските стандарди за кои се залага Владата на Република Македонија, убедувајќи ги граѓаните дека со своите политики ги води на патот кон членство во Евроопската унија? Сигурно не. Напротив, ниту еден инфраструктурен проект во државите-членки на ЕУ не може да помине без претходно да се пристапи кон целосна анализа на усогласеноста на зафатот со високите стандарди за заштита на животната средина кои се воспоставени во соодветните директиви и регулативи на Унијата.

Токму за таква, европска и европеизирана Македонија ќе се бори партијата ГЛАС за Македонија. Во таа насока, ја повикуваме Владата, нејзиниот вицепремиер, но и надлежните министри за економија и животна средина да ги преиспитаат нивните досегашни ставови во поглед на проектот за гасовод, по што би иницирале процес на изготовка на нов проект за гасоводот кој би бил базиран и врз сосема нова студија за влијанието на животната средина. Имено, ГЛАС за Македонија е уверена дека претходните проекти и студии изработени во 2010 година се резултат на избрзан и некредибилен процес, чиишто последици би можеле да бидат далекусежни.

Владејачкото мнозинство на чело со СДСМ има шанса да покаже дека е сериозно во намерата за коригирање на грешките направени од страна на претходната власт при креирањето и реализацијата на инфраструктурните проекти, наместо да ги потврдува веќе донесените проекти кои се на штета на граѓаните и спротивни на нивното уставно загарантирано право на здрава животна средина од член 43 од Уставот, како и на заштитата и унапредувањето на животната средина како темелна вредност на уставниот поредок на РМ воспоставена со членот 8, алинеја 10 од највисокиот правен акт на државата.

GLAS logo
  • Grey Facebook Icon
  • Tweet
  • Глас за Македонија канал

СЕДИШТЕ на ГЛАС за Македонија

Ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

тел.: 071 636 352 

glaszamakedonija@gmail.com

Регионален штаб на ГЛАС за Македонија СКОПЈЕ ИЕ1

ул. Мито Хаџивасилев Јасмин 36, 3/3/5, 1000 Скопје

Канцеларија СТРУМИЦА ИЕ4

ул. Панче Пешев 30,(патеката од Зегин кон детската болница)

Mарика Петровска +389 70 366 733

Канцеларија ШТИП ИЕ3

Ул. Борис Кидрич, деловен простор бр. 22

Мите Митевски +389 76 737 857

Канцеларија КАВАДАРЦИ ИЕ4

Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.47, Кавадарци

Гоце Златев +389 72 932 063

Канцеларија ПРИЛЕП ИЕ4

Ул. 11 Октомври 63 (до фурна „Плетварец”)

Жаклина Дамческа +389 71 209 138

zdamceska@yahoo.com

ДЕНАРСКА СМЕТКА​

Политичка партија „Глас за Македонија” 

ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

Цел на дознака: Донација за Глас Скопје

Комерцијална банка АД Скопје, 

Адреса на банка: Орце Николов 3,

1000 Скопје, Р. Македонија

Сметка бр: 300000004214007

Приходна шифра за донации: 562

ДЕВИЗНА СМЕТКА

Beneficiary: Politichka partija “Glas za Makedonija“, Skopje

Address: Orce Nikolov 155b, 1000 Skopje, Macedonia

Account: 0270100348540­

SWIFT: KOBSMK2X

BANK: Komercijalna banka AD Skopje

Bank adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, R. Macedonia

IBAN MK07300701003485468

© 2019 Глас за Македонија