КУЛТУРА СО ВИСТИНСКИ ВРЕДНОСТИ



Тридецениското хаотично живеење во Македонија, создаде и хаотична состојба во многу области на културниот живот. Следејќи го најпримитивниот и несоодветен однос на владеење на политизирана култура , т.е. култура во која учесниците, креативците, писателите, уметниците зависеа од тоа дали и на која политичка партија и припаѓаат и ја прокламираат и дали таа е на власт во тој момент или не.


Во редовните и вонредните Конкурси на Министерството за култура, проектите од областа на култура, ги добиваа секогаш без исклучок само оние кои се приврзаници на владеачката партија.


Најтешко со децении е на оние креативни работници и автори кои политички не припаѓаа никаде, едноставно беа вистински автори и создатели на културата но остануваа без подршка за своите дела. За таквите немаше место во ниеден список на создавање на т.н култура во Македонија.

Несомнено новите состојби во светот, особено изменети во последниве три месеци, посочуваат дека многу нешта треба да се сменат па и во областа на културата, за да добиеме вистински културни вредности.


Во морето на пропусти што моментално ги имаме, сепак треба да се почне од некаде за анархијата да биде доведена до ниво на создавање на демократски креативен ред.


Унапредување на свеста  за читање кај сите. Зошто? 


Не џабе се вели : Ако сакаш некој народ да го уништиш и манипулираш, направи тој да биде неписмен. Книгата и читањето треба да се на пиедесталот  на културниот развој, таму каде што припаѓаат. Но, не автори партиски војници или политички прврзаници , напротив автори кои создаваат достојни дела во литературата кои ќе останат на генерациите што доаѓаат а не купишта печатена литература  фрлана на буниште, без ни малку вредност во неа. Такви книги не ни требаат, таква инвестиција на државата е многу скапа а непотребна.



Грижа и заштита на матерјалното и нематерјалното културно наследствоЗошто?

Ние сме еден од ретките стари народи кои имаат големо матерјално културно наследство. Со децении тоа што се прави е површно и недоволно, особено во делот на заштита на потенцијалните археолошки наоѓалишта како и заштитата во музеите од уништување и кражби. Не треба веќе да се дозволи отворените археолошки локалитети да останат недовршени, туку треба да станат или туристички дестинации или пак добијат друга културна форма(фестивали, настани, соодветни програми). Вредните градби кои се оставени на забот на времето да треба да бидат реставрирани и заштитени. Треба да се заштитат зградите кои имаат образовна и духовна вредност, првите училишта на македонски јазик, првите културни центри и на сите нив да им се даде употребна вредност.  Тука е заштита на вредните скулторски дела , реставрирање на етно селата со исклучителна вредност и во областа на туризмот и во областа на традицијата.



Големото нематерјално наследство пак, како фолклорот, традициите, старите занаети и другите нематеријални богатства, не обврзуваат да се грижиме, да ги зачуваме, промовираме  и почитуваме.

Голем посебен акцент на македонскиот јазик како основен културен идентитет.

Зошто?


Македонскиот јазик е највредниот бисер кој го имаме во нашата македонска идентитетска и културна нишка. Достоен однос кон македонскиот јазик со зголемување на интересот посебно  меѓу најмладите. Под итно треба да се формираат центри за македонски јазик во Македонија, но да се  обноват и старите низ целиот свет.



Грижа за промоција на културата надвор од Македонија. Зошто?

Ќе се грижиме и ќе го промовираме нашето вредно културно наследство и богатство надвор од нашите граници. Мора да се насочиме кон политика на поврзување со разни средини и  развивање на културен туризам.





Културата да се донесе и во најмалите места во Македонија.Зошто?

За жал имаме книжарници само во три градови во Македонија освен Скопје (Битола, Струмица и Велес), а библиотеките во повеќето места се оставени на милост и немилост. Треба да се развијат мали културни центри, подвижни библиотеки, патувачки театри, и други  активности кои ќе ја доведат културата до сите граѓани .

И да! Неопходно е да се направат можности за неполитизирана култура. На ниеден од уметниците, авторите во сите културни сегменти, писателите, археолозите, истражувачите… не смее нивната кретивност да биде зависна од тоа дали се приврзаници на владеачката партија. Единствен принцип ќе биде и мора да биде квалитетот. Само квалитетот ќе биде основата на развој на креативната култура.


М-р Татјана Гогоска 

GLAS logo
  • Grey Facebook Icon
  • Tweet
  • Глас за Македонија канал

СЕДИШТЕ на ГЛАС за Македонија

Ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

тел.: 071 636 352 

glaszamakedonija@gmail.com

Регионален штаб на ГЛАС за Македонија СКОПЈЕ ИЕ1

ул. Мито Хаџивасилев Јасмин 36, 3/3/5, 1000 Скопје

Канцеларија СТРУМИЦА ИЕ4

ул. Панче Пешев 30,(патеката од Зегин кон детската болница)

Mарика Петровска +389 70 366 733

Канцеларија ШТИП ИЕ3

Ул. Борис Кидрич, деловен простор бр. 22

Мите Митевски +389 76 737 857

Канцеларија КАВАДАРЦИ ИЕ4

Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.47, Кавадарци

Гоце Златев +389 72 932 063

Канцеларија ПРИЛЕП ИЕ4

Ул. 11 Октомври 63 (до фурна „Плетварец”)

Жаклина Дамческа +389 71 209 138

zdamceska@yahoo.com

ДЕНАРСКА СМЕТКА​

Политичка партија „Глас за Македонија” 

ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

Цел на дознака: Донација за Глас Скопје

Комерцијална банка АД Скопје, 

Адреса на банка: Орце Николов 3,

1000 Скопје, Р. Македонија

Сметка бр: 300000004214007

Приходна шифра за донации: 562

ДЕВИЗНА СМЕТКА

Beneficiary: Politichka partija “Glas za Makedonija“, Skopje

Address: Orce Nikolov 155b, 1000 Skopje, Macedonia

Account: 0270100348540­

SWIFT: KOBSMK2X

BANK: Komercijalna banka AD Skopje

Bank adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, R. Macedonia

IBAN MK07300701003485468

© 2019 Глас за Македонија