Неправилното согледување на македонското прашање и политичкото фијаско на власта!

Пред 15-на дена реагиравме и повторно укажуваме на лошите надворешно-политички практики на влата на „Р Северна“! ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА смета дека актуелното надворешно-политичкото фијаско на власта е резултат на нејзината неспособност и неумешност правилно да го согледа македонското прашање – македонскиот историски развој, јазик, интегритет и сувереност на македонскиот народ и држава. Ова пак, во моментов значи политички, национален и безбедносен предизвик. Уште пред три години, учено и јасно, укажавме на асиметричниот карактер на Договорот за добрососедство со Бугарија, особено недостоинствен во однос на македонскиот јазик, кој е говорен јазик на Македонците во државата, во делови на соседните држави и дијаспората, а не само уставна категорија во современата македонска држава. Исто така, на учен и јасен начин, укажавме дека историјата на македонскиот народ, неговиот идентитет, неговата култура не смеат да бидат основа за политички диктат и на договорни комисии. Ова се однесува и на „Преспанската спогодба“ со Грција, но и на усвоениот во Собранието т.н. Законот за употреба на јазиците, чин на внатрешната политика. Последицата од овие политички содржини е бршење на името Македонија и атрибутот македонски, ослабувајќи го на тој начин, македонското народносно јадро и сведувајќи го во северномакедонските граници со северномакедонски атрибути!

Оттука, ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА смета дека перспектувата во надворешно-политичкото дејствување треба да биде во заедничкото разбирање и во заемното почитување на разликите и на спецификите во идентитетот, историјата, културата, јазикот и во традицијата на македонскиот народ и на кој било друг народ. Исто така, сметаме дека добрососедството

треба да се темели на демократските вредности и начела на современото цивилизациско поимање, без проблематизирање на посебните вредности што се создавани во текот на изминатите векови. Воедно, сметаме дека стратешката основа во водењето на надворешно-политичкото дејствување треба да биде во согласност со македонските национални и државни интереси. Инсистираме и на научна легитимност, односно да се почитува и уважува научниот и професионаниот капацитет на академската, институционалната и стручна јавност во Република Македонија.

ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА, уште еднаш, учено и јасно, истакнува дека идентитетските прашања за македонскиот народ, како и за кој било друг народ, имаат суштинско значење и неограничена вредност и во однос на нив не треба да има никакво отстапување!



GLAS logo
  • Grey Facebook Icon
  • Tweet
  • Глас за Македонија канал

ГЛАС за Македонија

Ул. Алберт Ајнштајн бр.1, 2-4 , 1000 Скопје

Контакт тел.: 078/321-224 

glaszamakedonija@gmail.com

ДЕНАРСКА СМЕТКА​

Политичка партија „Глас за Македонија” 

ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

Цел на дознака: Донација за Глас Скопје

Комерцијална банка АД Скопје, 

Адреса на банка: Орце Николов 3,

1000 Скопје, Р. Македонија

Сметка бр: 300000004214007

Приходна шифра за донации: 562

ДЕВИЗНА СМЕТКА

Beneficiary: Politichka partija “Glas za Makedonija“, Skopje

Address: Orce Nikolov 155b, 1000 Skopje, Macedonia

Account: 0270100348540­

SWIFT: KOBSMK2X

BANK: Komercijalna banka AD Skopje

Bank adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, R. Macedonia

IBAN MK07300701003485468

© 2021 Глас за Македонија