Да се почитува рокот за почеток на изборната кампања!

„ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА“ најостор реагира и го осудува прекршувањето на одредбите за изборна кампања, од страна на една партија, позната меѓу народот по нејзините „реформаторски“ ликови и нивен „концепт“ за одделување од претходната владеачка партија и приклонување кон актуелната власт. Тоа е онаа партија чиј водач смета дека „бугарскиот јазик во Македонија треба да биде службен јазик“. Игнорирајќи го словото на Изборниот законик, оваа партија уште сега јавно, масовно информира за нејзиниот реден број на избирачкиот лист, кој јавноста би требала да го заокружи. Потсетуваме, дека за „изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на организаторот на кампањата, јавно истакнување на плакати, видеопрезентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми. Изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите. “ (Чл.69-а, став 1 и 2). ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА бара политичките партии вклучени во изборниот процес, да ги почитуваат одредбите на ИЗ, а оваа постапка за непочитување на ст. 2 од споменатиот член, односно, не почитување на рокот за започнување на изборната кампања да се казни (глоба) соодветно.



GLAS logo
  • Grey Facebook Icon
  • Tweet
  • Глас за Македонија канал

СЕДИШТЕ на ГЛАС за Македонија

Ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

тел.: 071 636 352 

glaszamakedonija@gmail.com

Регионален штаб на ГЛАС за Македонија СКОПЈЕ ИЕ1

ул. Мито Хаџивасилев Јасмин 36, 3/3/5, 1000 Скопје

Канцеларија СТРУМИЦА ИЕ4

ул. Панче Пешев 30,(патеката од Зегин кон детската болница)

Mарика Петровска +389 70 366 733

Канцеларија ШТИП ИЕ3

Ул. Борис Кидрич, деловен простор бр. 22

Мите Митевски +389 76 737 857

Канцеларија КАВАДАРЦИ ИЕ4

Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.47, Кавадарци

Гоце Златев +389 72 932 063

Канцеларија ПРИЛЕП ИЕ4

Ул. 11 Октомври 63 (до фурна „Плетварец”)

Жаклина Дамческа +389 71 209 138

zdamceska@yahoo.com

ДЕНАРСКА СМЕТКА​

Политичка партија „Глас за Македонија” 

ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

Цел на дознака: Донација за Глас Скопје

Комерцијална банка АД Скопје, 

Адреса на банка: Орце Николов 3,

1000 Скопје, Р. Македонија

Сметка бр: 300000004214007

Приходна шифра за донации: 562

ДЕВИЗНА СМЕТКА

Beneficiary: Politichka partija “Glas za Makedonija“, Skopje

Address: Orce Nikolov 155b, 1000 Skopje, Macedonia

Account: 0270100348540­

SWIFT: KOBSMK2X

BANK: Komercijalna banka AD Skopje

Bank adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, R. Macedonia

IBAN MK07300701003485468

© 2019 Глас за Македонија