Ни наметнуваат црно-бели вистини!

Сигурно ви е позната оваа мисла „луѓе без калибар и без идеи...Насекаде има многу параноја, секој е во криза..!“ Стара, но актуелна! Германската козерија на двегодишнината од Преспанската спогодба ја добива својата полнота и со наградата за човекови права доделувајќи му ја на Зоран Заев за изгласаното северно име. Една германска поговорка вели, дека глупавоста е божји дар, но не треба да се злоупотребува! Кому му се обраќа Фондацијата „Фридрих Еберт“, на македонскиот народ? Му праќа суптилна и безобразна порака за воспоставениот тоталтарен режим, кој самиот си ја преименува државата!? За срамното и глупаво решение за спор кој требаше да се решава во ООН и без задршки во корист на Република Македонија. Еден проблем не се решава со создавање на нов и покрупен проблем. Во право беше италијанскиот историчар М.Девиде кој истакна дека она што „се прави над Македонија од страна на НАТО и Грција е најлоша форма на фашизам“! А, како врв на сето ова е и германската политика олицетворена во ликот на фрау Анџела Меркел и делото на Фондацијата „Фридрих Еберт“. Ако нешто беше добро и вредно во германската политика кон Македонија и нејзиниот народ беше амбасадорот Ханс Лотар Штепан кој истакнуваше дека „Македонците имаат најголемо право за употреба на своето име Македонија.“ Овој „духовен воин на Македонија“ кој работаше во полза на македонскoто прашање, остана ненадминат дипломат од ни еден подоцнежен германски претставник. Сè што следеше потоа кон Македонија и нејзините интереси од страна на Германија не емитуваше срдечна политика!

Проф. Наташа Котлар-Трајкова, потпретседателка на „Глас за Македонија“!