ОД ДЕН ВО ДЕН ПРЕД НАШИ ОЧИ СЕ УРНИСУВА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

Во сенка на трауматичното општествено и егзистенцијално секојдневие, во кое приоритет на власта е „високата“ политика и (козметичките) реформи - услов за добивање датум за преговори со ЕУ (правосудство, СЈО..), се провлекуваат нови бисер идеи на првиот министер Зоран Заев за „живот за сите“, мед и млеко кој само што не потекол итн.


Во овој контекст, не смее да остане незабележана изјавата на Зоран Заев за здравството, на јавен/партиски собир во Куманово пред неколку дена:

„Граѓанинот којшто е полнач и плаќач на фондот, кога ќе се разболе, тој е тој што ќе одбере дали ќе оди во општа болница во Куманово или во приватна болница во Куманово, или во приватна клиника во Скопје. Јавните здравствени институции ќе мора да засукат ракавите да бидат конкурентни со приватните. Се’ што не може да опстои од јавното здравство - фала, ќе ја затвориме.. болница била, клиника била или не знам, била амбуланта – ќе ја затвориме.“


Денес, веројатно поради постојаната потреба некој да дообјасни што тоа мудро и визионерски рекол премиерот во перманентен „занес“ и со неизмерна желба да работи само и единствено за доброто на граѓаните, беа најавени физибилити студии за јавно-приватно партнерство во областа на здравствената заштита.


Со такви корекции на јавните настапи на неуморниот премиер, се покажа дека неговата изјава е неодмерена, а целта на туку така кажаното – секој ќе може да бира каде ќе се лечи, е уште една популистичка и предизборна ли(ла)жалка за напатените ние – граѓаните, кои гледаме како од ден во ден, пред наши очи се урнисува здравствениот систем. Притоа, би рекле, не само јавниот поради лошите услови за работа, несоодветна организација и одливот на кадар, туку и приватниот сектор, кој за жал, дрско се претвора во бизнис и профит/ чест на добрите исклучоци.


Така, по линија на помал отпор кон убаво уредените и опремени приватни клиники (каде без сомнение има и добат кадар), наместо во нашата социјална држава (чиј социјален карактер најмногу треба да го градат социјал-демократите и социјалистите) да се негува јавниот сектор, се посега по најлесното – да се уништи тешко и долго создаваната скапа инфраструктура.


На шарените ветувања на владата, ГЛАС за Македонија им го спротивставува знаењето на компетентни и одговорни стручњаци од своите редови, кои велат:

- Без овозможување оптимизација, т.е. конкурентност на јавното здравство, неодговорно е категорично да се пристапи кон укинување/ затворање на јавни здравствени установи.

Воедно, ГЛАС за Македонија се залага за:

Конкурентност на јавното здравство преку инвестиции, корекција на цените на услугите и најважно – сериозна ревизија и реформа во начинот на плаќање и распределба на средствата. Освен подобрување на условите во јавните здравствени установи, мотивација и зголемување на човечките-професионални ресурси, потребна е реформа во Фондот за здравство и воведување дополнителни осигурителни столбови, како и дефинирање на пакетот на услуги. Откако ќе се спроведат сериозни реформи и инвестиции, може да се дискутира за конкурентност! Засега е потребна либерализација и овозможување јавно-приватно партнерство во здравството на секое ниво.


ГЛАС за Македонија во својата програма има предлози за ваков систематичен пристап кон квалитетни реформи и затоа укажува дека:

Внимателно треба да се следат чекорите на владата и на ресорниот министер и најтемелно да се анализираат нивните најавени физибилити студии за јпп во здравството. Ова дотолку повеќе, што од стапувањето на владата и на министерот Филипче на должност, се’ уште немаме видено позитивни промени, а ги паметиме а) тендерот за лекови од десетици милиони евра, доделен на фантом фирма/па под притисок на јавноста поништен; б) ветените значително поголеми плати за лекарите и регулиран статус на специјализантите- што не се случи; в) енормната цена за изградба на нов Клинички центар надвор од градот на товар на осиромашениот народ, за кој голем дел од јавноста не е убеден дека е вистинското, рационално решение,; г) епидемиите...


Оттаму, ГЛАС за Македонија објективно и критички ќе ги следи потезите во здравствената политика на владата, и ќе предупреди доколку јпп на министерот Филипче, се сведе на приватизација и продажба на капиталот макотрпно вложуван од народот во здравствениот систем.

Recent Posts

See All

ПОПУЛИЗМОТ ВО МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО

Здравствениот сектор како еден од значајните столбови на државата од повеќе аспекти кој директно ги засега сите граѓани, после сите овие години на независност, од страна на политичките субјекти се све

GLAS logo
  • Grey Facebook Icon
  • Tweet
  • Глас за Македонија канал

СЕДИШТЕ на ГЛАС за Македонија

Ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

тел.: 071 636 352 

glaszamakedonija@gmail.com

Регионален штаб на ГЛАС за Македонија СКОПЈЕ ИЕ1

ул. Мито Хаџивасилев Јасмин 36, 3/3/5, 1000 Скопје

Канцеларија СТРУМИЦА ИЕ4

ул. Панче Пешев 30,(патеката од Зегин кон детската болница)

Mарика Петровска +389 70 366 733

Канцеларија ШТИП ИЕ3

Ул. Борис Кидрич, деловен простор бр. 22

Мите Митевски +389 76 737 857

Канцеларија КАВАДАРЦИ ИЕ4

Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.47, Кавадарци

Гоце Златев +389 72 932 063

Канцеларија ПРИЛЕП ИЕ4

Ул. 11 Октомври 63 (до фурна „Плетварец”)

Жаклина Дамческа +389 71 209 138

zdamceska@yahoo.com

ДЕНАРСКА СМЕТКА​

Политичка партија „Глас за Македонија” 

ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

Цел на дознака: Донација за Глас Скопје

Комерцијална банка АД Скопје, 

Адреса на банка: Орце Николов 3,

1000 Скопје, Р. Македонија

Сметка бр: 300000004214007

Приходна шифра за донации: 562

ДЕВИЗНА СМЕТКА

Beneficiary: Politichka partija “Glas za Makedonija“, Skopje

Address: Orce Nikolov 155b, 1000 Skopje, Macedonia

Account: 0270100348540­

SWIFT: KOBSMK2X

BANK: Komercijalna banka AD Skopje

Bank adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, R. Macedonia

IBAN MK07300701003485468

© 2019 Глас за Македонија