Повик за одбрана и зачувување на македонските национални интереси

ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА се обраќа до сите парламентарни и вон парламентарни политички партии, невладините организации, здруженијата на граѓани, како и до сета научна, културна, економска јавност – до сите граѓани, да го поддржат овој наш повик за создавање на општ, свесен, културен и народен фронт за одбрана и зачувување на македонските национални интереси – самостојниот историски развој на македонскиот народ и јазик, интегритетот и суверенитетот на македонската држава и нејзиниот независен економски и политички развој.

ОВА за нас е суштинска потреба, заради актуелните оспорувања и негирања на македонскиот народ, на неговата историја и на јазикот, што доаѓаат од страна на политичките претставници на Р Бугарија, но уште поопасно, што ЕУ молчи пред ова нецивилизирано однесување. Особено, што бугарската заканата за вето, се интензивира пред скорешното одржување на првата Меѓувладина конференција на Европската Унија со Македонија како почеток на пристапните преговори за македонско членство во овој сојуз на држави. Условувајќи ја македонската позиција со Договорот за добрососедство (2017), со Собраниската декларација (10 октомври 2019 г.) и со неодамнешниот „Објаснувачки Меморандум“, Софија создава и демонстрира антимакедонска и нецивилизациска реторика до земјите членки на Европската Унија. Притоа, од македонската владеачка гарнитура се бара да прифати „историска реалност“ – фабрикувана „коминтерновска“ или „новосоздадена“ нација која неможе да биде матица, без конкретно парче земја, без своја препознатливост и јазик, без историска вертикала. Доколку ова го пренебрегнеме како преседан, тоа значи сериозна и опасна работа за македонските витални и национални интереси. Идентитетските прашања за македонскиот народ, како и за кој било друг народ, имаат суштинско значење и неограничена вредност и во однос на нив не треба да има никакво отстапување!

Затоа, се обраќаме до целата општествена и политичка јавност за создавање на единствена народна база која и има сувереност да ја елиминира досегашната политичка практика на потпишување на асиметрични и штетни договори за македонската суштина и интереси, демонстративно прекинување на какви било преговори во оваа смисла и воспоставување односи со соседите на рамноправна основа, со признавање на македонската нација – Асномските државотворни темели, на македонскиот јазик, на историјата и на идентитет.

Во оваа смисла и ги поддржуваме иницијативите и постапките со слична содржина и намера, истакнати во парламентарната и вон парламентарната македонска јавност.


GLAS logo
  • Grey Facebook Icon
  • Tweet
  • Глас за Македонија канал

СЕДИШТЕ на ГЛАС за Македонија

Ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

тел.: 071 636 352 

glaszamakedonija@gmail.com

Регионален штаб на ГЛАС за Македонија СКОПЈЕ ИЕ1

ул. Мито Хаџивасилев Јасмин 36, 3/3/5, 1000 Скопје

Канцеларија СТРУМИЦА ИЕ4

ул. Панче Пешев 30,(патеката од Зегин кон детската болница)

Mарика Петровска +389 70 366 733

Канцеларија ШТИП ИЕ3

Ул. Борис Кидрич, деловен простор бр. 22

Мите Митевски +389 76 737 857

Канцеларија КАВАДАРЦИ ИЕ4

Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.47, Кавадарци

Гоце Златев +389 72 932 063

Канцеларија ПРИЛЕП ИЕ4

Ул. 11 Октомври 63 (до фурна „Плетварец”)

Жаклина Дамческа +389 71 209 138

zdamceska@yahoo.com

ДЕНАРСКА СМЕТКА​

Политичка партија „Глас за Македонија” 

ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

Цел на дознака: Донација за Глас Скопје

Комерцијална банка АД Скопје, 

Адреса на банка: Орце Николов 3,

1000 Скопје, Р. Македонија

Сметка бр: 300000004214007

Приходна шифра за донации: 562

ДЕВИЗНА СМЕТКА

Beneficiary: Politichka partija “Glas za Makedonija“, Skopje

Address: Orce Nikolov 155b, 1000 Skopje, Macedonia

Account: 0270100348540­

SWIFT: KOBSMK2X

BANK: Komercijalna banka AD Skopje

Bank adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, R. Macedonia

IBAN MK07300701003485468

© 2019 Глас за Македонија