Поддршка за македонските научници!

ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА дава целосна поддршка на реакцијата на македонските научници во однос на континуираните бугарски негирања на посебноста на македонскиот народ и јазик. Во продолжение ја даваме целата содржина на нивната реакција!



„Како македонски научни работници – проучувачи на македонската историја, култура, книжевност и на македонскиот јазик, најенергично реагираме на најновите оспорувања и негирања што доаѓаат од страна на бугарските политички претставници.

Особено со индигнација ги отфрламе обидите за прикажување на идеологот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев, како личност која треба да биде дел од т.н. споделена или заедничка македонско-бугарска историја. Гoце Делчев е мaкедoнскa истoрискa личнoст чие дејствување претставува емaнaцијa на македонската ослободителна борба водена од многу генерации сè до создавањето слободна македонска држава. Посегнувањето по овој македонски великан значи бришење на мaкедoнскиoт aтрибут вo нaрoднaтa мемoријa и историја. Исто така, најостро ги отфрламе и безобѕирните невистини за македонската историја и за македонскиот јазик изнесени во објаснувачкиот меморандум на Р Бугарија. Овој меморандум е антицивилизациски преседан и политички чин на притисок и омаловажување на македонскиот народ и директно оспорување на неговото суверено право на самоопределување и на изразување на сопствниот идентитет.

Токму затоа одговорно и непоколебливо, пред целата македонска и светска општествена и научна јавност, би сакале да истакнеме дека се засегнати македонската историска содржина и правото на интегритет и суверенитет на Македонците. Развитокот на македонскиот народ оди длабоко во историската вертикала и е резултат на историските процеси од антиката, па сè до денес. Тој развој се одвива со векови, исто како и кај другите народи, а го карактеризира борбата за опстојување на територијата на која живее, за зачување на народниот јазик, за создавање национална книжевност и култура, како и на посебна црква и држава. Конечно, сите овие заложби се заокружуваат со националноослободителната војна и со првиот АСНОМ во 1944 г., кога се поставуваат и темелите на македонската државност.

Со тоа се создаваат услови за основање национални научни и образовни институции во Република Македонија, како што се Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонската академија на науките и уметностите, националните институти за историја, за фолклор, за македонски јазик, за македонска литература, па сè до поновите високообразовни институции како што е Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и др. Научната мисла што се развива во нив се надоврзува на делата на македонските преродбеници и интелектуалци од XIX и од XX век. Како резултат на тоа, во изминативе речиси осум децении се создадени огромен број научни дела за историскиот развој на македонскиот народ, за неговиот идентитет и јазик, за неговата култура, кои се верификувани и признаени и во меѓународните научни кругови. Во таа смисла, формирањето комисии врз основа на политички билатерални договори не може да има научна легитимност и не треба да има пресудно влијание врз академската, но и врз пошироката јавност во Република Македонија.

Оттука, сметаме дека заемното почитување на разликите и на спецификите во идентитетот, историјата, културата, јазиците и во традициите е основа за добрососедство и заедничко разбирање на сите држави, вклучувајќи ги и Република Македонија и Република Бугарија. Историското ракување на двата народa, македонскиот и бугарскиот, не треба да значи проблематизирање на посебните вредности што се создавани во текот на изминатите векови. Во XXI век e апсурдно политички претставници и институции воопшто да се занимаваат со прашања што се во доменот на науката затоа што е во целосна спротивност со демократските и вредносните начела на современата цивилизација.

Уште еднаш нагласуваме дека историјата на македонскиот народ, неговиот идентитет, јазик, неговата култура не смеат да бидат основа за политички диктат. Идентитетските прашања за македонскиот народ, како и за кој било друг народ, имаат суштинско значење и неограничена вредност и во однос на нив не треба да има никакво отстапување!

Скопје, 19 .9.2020 г.

Потписници:

д-р Тодор Чепреганов

д-р Наташа Котлар-Трајкова

д-р Михаило Миноски

д-р Новица Велјановски

д-р Илија Велев

д-р Јован Донев

д-р Митко Панов

д-р Лилјана Гушевска

д-р Маја Ангеловска-Панова

д-р Симона Груевска-Маџоска

д-р Наде Проева

д-р Валентина Миронска-Христовска

д-р Нада Јурукова

д-р Елка Јачева-Улчар

д-р Вера Лалчевска

д-р Стефан Влахов-Мицов

д-р Ѓорги Чакарјаневски

д-р Славчо Ковилоски

д-р Никола Жежов

д-р Катерина Младеновска-Ристовска

д-р Теон Џинго

д-р Веселинка Лаброска

д-р Снежана Веновска-Антевска

д-р Гоце Цветановски

д-р Силвана Сидоровска-Чуповска

д-р Васил Јотевски

д-р Стојко Стојков

д-р Коста Аџиевски

д-р Бранислав Светозаревиќ

д-р Александар Атанасовски

д-р Виолета Ачкоска

д-р Константин Миноски

д-р Владимир Трајковски

д-р Михајло Поповски

д-р Тони Филипоски

д-р Драгица Поповска

д-р Билјана Ванковска

д-р Лидија Ѓурковска

д-р Марјан Ивановски

д-р Васко Дукмеџиев

д-р Габриела Топузовска

д-р Мишо Нетков

д-р Ицо Најдовски

д-р Соња Николова

д-р Верица Јосимоска

д-р Драган Ѓалевски

д-р Ѓорги Сајкоски

д-р Невена Трајков

Алдо Климан, писател“



GLAS logo
  • Grey Facebook Icon
  • Tweet
  • Глас за Македонија канал

СЕДИШТЕ на ГЛАС за Македонија

Ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

тел.: 071 636 352 

glaszamakedonija@gmail.com

Регионален штаб на ГЛАС за Македонија СКОПЈЕ ИЕ1

ул. Мито Хаџивасилев Јасмин 36, 3/3/5, 1000 Скопје

Канцеларија СТРУМИЦА ИЕ4

ул. Панче Пешев 30,(патеката од Зегин кон детската болница)

Mарика Петровска +389 70 366 733

Канцеларија ШТИП ИЕ3

Ул. Борис Кидрич, деловен простор бр. 22

Мите Митевски +389 76 737 857

Канцеларија КАВАДАРЦИ ИЕ4

Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.47, Кавадарци

Гоце Златев +389 72 932 063

Канцеларија ПРИЛЕП ИЕ4

Ул. 11 Октомври 63 (до фурна „Плетварец”)

Жаклина Дамческа +389 71 209 138

zdamceska@yahoo.com

ДЕНАРСКА СМЕТКА​

Политичка партија „Глас за Македонија” 

ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

Цел на дознака: Донација за Глас Скопје

Комерцијална банка АД Скопје, 

Адреса на банка: Орце Николов 3,

1000 Скопје, Р. Македонија

Сметка бр: 300000004214007

Приходна шифра за донации: 562

ДЕВИЗНА СМЕТКА

Beneficiary: Politichka partija “Glas za Makedonija“, Skopje

Address: Orce Nikolov 155b, 1000 Skopje, Macedonia

Account: 0270100348540­

SWIFT: KOBSMK2X

BANK: Komercijalna banka AD Skopje

Bank adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, R. Macedonia

IBAN MK07300701003485468

© 2019 Глас за Македонија