ПОКАНА ЗА КОНФЕРЕНЦИЈА

Конференција за изборниот законик и организирање на фер и демократски избори


Ги повикуваме сите претставници  на  политичките партии, претставници на Мисијата ОБСЕ/ОДИХР во Скопје, Државната изборна комисија-ДИК и невладини организации, посветена на дискусија околу одредбите од Изборниот законик кои се однесуваат на:


Изборниот модел

Нагласуваме дека со постојниот модел, во секој изборен циклус за парламентарни избори, не само што се оштетени и елиминирани помалите партии, туку се нанесува голема неправда на над 100.000 гласачи кои гласаат, а немаат ниту еден свој претставник во Собранието


За начинот на финансирање на партиите

Во овој момент буџетот се празни со енормни суми во полза на само 4 партии. За какви фер и демократски избори може да стане збор? Дури и ставката во Изборниот законик од 280.000 евра годишно за партии кои имаат аналитички центри, а такви сме и ние, оди исклучиво кај големите партии. На што сме ние оставени? Да молиме “бизнисмени“ со нивните непристојни предлози?


Рамноправното  медиумско покривање

Да разговараме за еднакви можности барем на јавниот сервис и телевизиите со национални концесии.


Начин на идентификација на гласачите

Ве молиме да го проучите изборното законодавство и да изготвите свои предлози за кои ќе дискутираме.


Сега кога се најавува отворање на Изборниот законик, сметаме дека е краен момент помалите партии, парламентарни и вонпарламентарни, да заземат став во насока на вистинска, а не заробена плурална демократија.


Ова е наш заеднички интерес, без разлика на сите различности кои постојат помеѓу партиите. Ние сме еден субјект од ЕДНАКВИТЕ! Гласот за оваа неправда мора да се дигне инаку ќе сметаме дека „малите” уште сега калкулираат со предизборни коалиции.

Сметаме дека учеството на претставници на ЦИВИЛ во голем степен ќе ја збогати дискусијата, и ќе даде конструктивни насоки во однос на горенаведените точки на конференцијата.


Конференцијата ја планираме во периодот помеѓу 10 и 15 септември 2019 година. Ве молиме преку порака на нашата електронска пошта да го потврдите начелно своето присуство за да можеме да испланираме соодветна сала (glaszamakedonija@gmail.com). Откога ќе го добиеме вашиот одговор, ќе го договориме точниот датум, време и место на одржување на оваа многу важна конференција.

GLAS logo
  • Grey Facebook Icon
  • Tweet
  • Глас за Македонија канал

СЕДИШТЕ на ГЛАС за Македонија

Ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

тел.: 071 636 352 

glaszamakedonija@gmail.com

Регионален штаб на ГЛАС за Македонија СКОПЈЕ ИЕ1

ул. Мито Хаџивасилев Јасмин 36, 3/3/5, 1000 Скопје

Канцеларија СТРУМИЦА ИЕ4

ул. Панче Пешев 30,(патеката од Зегин кон детската болница)

Mарика Петровска +389 70 366 733

Канцеларија ШТИП ИЕ3

Ул. Борис Кидрич, деловен простор бр. 22

Мите Митевски +389 76 737 857

Канцеларија КАВАДАРЦИ ИЕ4

Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.47, Кавадарци

Гоце Златев +389 72 932 063

Канцеларија ПРИЛЕП ИЕ4

Ул. 11 Октомври 63 (до фурна „Плетварец”)

Жаклина Дамческа +389 71 209 138

zdamceska@yahoo.com

ДЕНАРСКА СМЕТКА​

Политичка партија „Глас за Македонија” 

ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

Цел на дознака: Донација за Глас Скопје

Комерцијална банка АД Скопје, 

Адреса на банка: Орце Николов 3,

1000 Скопје, Р. Македонија

Сметка бр: 300000004214007

Приходна шифра за донации: 562

ДЕВИЗНА СМЕТКА

Beneficiary: Politichka partija “Glas za Makedonija“, Skopje

Address: Orce Nikolov 155b, 1000 Skopje, Macedonia

Account: 0270100348540­

SWIFT: KOBSMK2X

BANK: Komercijalna banka AD Skopje

Bank adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, R. Macedonia

IBAN MK07300701003485468

© 2019 Глас за Македонија