ПОПУЛИЗМОТ ВО МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО

Здравствениот сектор како еден од значајните столбови на државата од повеќе аспекти кој директно ги засега сите граѓани, после сите овие години на независност, од страна на политичките субјекти се сведе на алатка за популистичко заведување на гласачкото тело, кое не ги дава ветените резултати. Наследениот здравствен систем од претходното уредување требаше да се модернизира, либерализира и стане пофункционален и одржлив. Но после скоро три децении одржливоста е доведена под знак прашалник. Зошто? Краткиот одговор е дека превземаните мерки и реформи не беа ни почнати, нит спроведувани докрај, се донесоа многу ад хок решенија, не се почитуваа во целост стандардите и критериумите, се со цел да се одржува привиден здравствен социјален мир кој всушност донесе неквалитет и незадоволство.


Анализата на состојбите, спроведените реформи и генералната политика во здравствениот систем води до воочување на најзначајните проблеми во македонското здравство: лоши и неадекватни услови, недостаток на кадар и проблемот со финансирањето. Иако формално-правно постои поделба на здравствениот сектор во пракса се соочуваме со недостаток на 24 часовна примарна заштита, која популистички е решена со квази ургентни центри, секундарното здравство лута и префрла дел од одговорноста на терцијарниот сектор, а форсирањето на донеодамна единствениот клинички центар доведе до негова преоптеретеност и монопол на многу процедури кои би можеле да се вршат и во секундарната дејност. Лошите и неадекватни услови не бараат ни посебна елаборација, доволно е да се прашаме кога последен пат е молерисано во нашите болници, односно да се потенцира дека никогаш доволно не се инвестираше во тековното одржување на постојните објекти што би подразбирало и надградба во согласност со новите можности во современата медицина.  Набавката на одредена апаратура беше направена во одреден период, но и таа со низа пропусти и без адекватна кадровска екипираност, доволна само делумно да ја покрие потребата од дијагностички средства.  Изградбата на нов клинички центар и реконструкција на болниците е само во најава долги години наназад. Најгорливиот проблем е секако недостатокот на кадар. Пристапот на краткорочност во однос на здравството е една од причините за создавање на овој проблем, поточно не се правени планирања за кадровските потреби, долг период немаше вработувања во здравствениот сектор, дури и се дозволи огромен процент од потребите за средно-медицински персонал да се решава извесен период со волонтирање и надеж за вработување. Иако во последните години вработувањата во здравството се зголемени, со оглед дека најмногу недостасуваат специјалисти, овој проблем останува нерешен, посебно кога се има во предвид и фактот дека многумина од постојните специјалисти заминуваат во пензија.


Досега имаше неколку популистички мерки за покривање на овој недостаток со директивно намалување на времетраењето на прегледите, со што се намали квалитетот, здравствените работници беа истрошени до крајност, но важно популистички секој е како-така прегледан. Мерката со повик за работа на специјалисти од соседните држави, како и казните за учинокот и продолжување на договорите на веќе вработените под изговор за некаква доедукација во странство не дадоа никаков резултат.


Третиот голем проблем е финансирањето кое поради импликациите кои ги има врз гласачкото тело, секоја влада до сега избегнуваше да го решава и сообрази со реалните потреби и можности. Во повеќето европски држави здравствениот систем се финансира преку здравственото осигурување кое има повеќе столбови, односно задолжителен и доброволен или дополнителен. Задолжителното здравствено осигурување покрива дефиниран сет на здравствени услуги и состојби, а во многу земји има доплаќање или делумно враќање на средствата. Во некои од европските земји (кои можат да си го дозволат тоа, како Шведска), голем дел од здравственото осигурување се надополнува и преку даночните обврски. Кај нас постои само задолжително здравствено осигурување кое се плаќа само од вработените, а ги подмирува потребите на целото население, што на долг рок се покажува неодржливо. Неодржливоста на овој систем е условена покрај со бројот на активните осигуреници и со висината на средствата.


Сето ова со водење на форсирана политика на правата на пациентите, кои во услови на недоволна едуцираност и здравствена култура, беа разбрани како право на неселективни барања за третман и дијагностички процедури, злоупотреби во користењето на здравствените услуги, каде дел од пациентите сами одредуваат каде и кога да се упатат, доведе до оптеретеност, лутање низ здравствениот систем, долги листи на чекање, развивање на ривалски и клиентилистички однос меѓу самите вработени, бегство од одговорност поради немотивираност и оптеретеност, пад и разлики во квалитетот на здравствените услуги, што континуирано генерира незадоволство и кај давателите и кај корисниците на здравствени услуги и нивен антагонизам. Последиците од ваквите политики и пристапи се очигледни: недоволно квалитетни услуги, немање медицински материјали и лекови во болниците, недостапност на лековите во тек на месецот низ аптеките, хаотичност во процесот на лекување без координираност и приоритетност...

Најновата владина мерка со укинување на партиципацијата за болничко лекување е само една во низата популистички мерки и ад хок решенија.


И досега социјално загрозените групи (социјални случаи, пензионери со ниски примања), како и болните со одредени дијанози, трудниците, крводарители итн. не плаќаа партиципација. Ваквата партиципација се слеваше директно во буџетите на болниците и сега нејзиното укинување ќе падне на товар на истите, кои нема да можат да менаџираат со овие средства. Исто така укинувањето на истата ќе ја зголеми можноста за некритички раст на побарувањата и злоупотреба на болничкото лекување, кое нема значајно да ги растерети индивидуалните домашни буџети.


Покривањето на овие трошоци ќе оди директно од буџетот, односно повторно од даночните обврзници, но важно ќе се одржува митот за “бесплатно”.

GLAS logo
  • Grey Facebook Icon
  • Tweet
  • Глас за Македонија канал

СЕДИШТЕ на ГЛАС за Македонија

Ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

тел.: 070 542 005 

glaszamakedonija@gmail.com

Регионален штаб на ГЛАС за Македонија СКОПЈЕ ИЕ1

ул. Мито Хаџивасилев Јасмин 36, 3/3/5, 1000 Скопје

Канцеларија СТРУМИЦА ИЕ4

ул. Панче Пешев 30,(патеката од Зегин кон детската болница)

Mарика Петровска +389 70 366 733

Канцеларија ШТИП ИЕ3

Ул. Борис Кидрич, деловен простор бр. 22

Мите Митевски +389 76 737 857

Канцеларија КАВАДАРЦИ ИЕ4

Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.47, Кавадарци

Гоце Златев +389 72 932 063

Канцеларија ПРИЛЕП ИЕ4

Ул. 11 Октомври 63 (до фурна „Плетварец”)

Жаклина Дамческа +389 71 209 138

zdamceska@yahoo.com

ДЕНАРСКА СМЕТКА​

Политичка партија „Глас за Македонија” 

ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

Цел на дознака: Донација за Глас Скопје

Комерцијална банка АД Скопје, 

Адреса на банка: Орце Николов 3,

1000 Скопје, Р. Македонија

Сметка бр: 300000004214007

Приходна шифра за донации: 562

ДЕВИЗНА СМЕТКА

Beneficiary: Politichka partija “Glas za Makedonija“, Skopje

Address: Orce Nikolov 155b, 1000 Skopje, Macedonia

Account: 0270100348540­

SWIFT: KOBSMK2X

BANK: Komercijalna banka AD Skopje

Bank adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, R. Macedonia

IBAN MK07300701003485468

© 2019 Глас за Македонија