ТОТАЛНА КОМПРОМИТАЦИЈА НА ПРАВНАТА ФЕЛА

Деновиве сме сведоци на новата политичка криза во најава, заради скандалот со таканаречениот случај „РЕКЕТ” во кој е длабоко инволвирано СЈО. Предизвикани од постапките на државните органи во вакви услови како и од изјавите кои се дадени од „експерти” од областа на кривичното право, како политичка партија сметаме дека сме одговорни да изнесеме свој став и мислење како и критика на актуелните состојби и креаторите на таквите состојби, при што ке се обидеме да навлезиме во сржта на проблемите. По однос на актуелните состојби, предизвикани од изречената мерка притвор на Јавниот обвинител кој раководи со СЈО - госпоѓа Катица Јанева, нејзината оставка, писмото-наредба кое истата го испратила до обвинителите во СЈО за предавање на предметите од надлежност на СЈО во надлежност на Јавното обвинителство, недостатокот на политичка волја на политичките партии во парламентот да се донесе нов Закон за јавното обвинителство, деновиве во Министерството за правда на Република Македонија се формира таканаречена работна група која треба да одлучи како ке се постапи со наведеното писмо - наредба на Катица Јанева, при што свое мислење дадоа и Проф. Гордан Калајџиев како и академик Владо Камбовски. Пред да се произнесеме по однос на изјавите на погоренаведените правни експерти, ке се задржиме на таканареченото Писмо - Наредба кое Катица Јанева од притвор го испрати до СЈО. Согласно член 6 став 5 од ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА ГОНЕЊЕ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА ПОВРЗАНИ И КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД СОДРЖИНАТА НА НЕЗАКОНСКОТО СЛЕДЕЊЕ НА КОМУНИКАЦИИТЕ: „Јавниот обвинител на Република Македонија или друг јавен обвинител не може да презема истраги и гонење по предмети кои спаѓаат во надлежност на јавниот обвинител без негова/нејзина писмена согласност” (оваа одредба е спротивна на чл. 12 став 2 од Законот за Кривичната постапка каде е регулирано начелото на Законитост на доказите каде е наведено дека „Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните дого- вори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука” бидејки прислушуваните разговори не се прибавени законито односно согласно ЗКП ) Од погоренаведената законска одредба произлегува правото на СЈО Катица Јанева да се согласи друг јавен обвинител, меѓу кои и ЈО Јовевски да превзема истраги и гонење од предмети во нејзина надлежност. Ваквото право, специјалниот јавен обвинител го има при регуларна работа на СЈО, а не во ситуација кога на специјалниот јавен обвинител и е изречена мерка притвот заради основано сомневање дека сторил кривично дело од чл. 353 од КЗ-Злоупотреба на службена положба или овластување!!! Според официјалната изјава на ЈО Јовевски во врска со определениот притвор на Катица Јанева даден на прес конференција, притворот на Катица Јанева е изречен заради постоење на основано сомневање дека истата ја злоупотребила службената положба и овластување во смисла на чл. 353 ст.1 в.в. со став 3 од Кривичниот закон. Мерката притвор е изречена и на СЈО Катица Јанева и е ограничена слободата на движење бидејки постои опасност од повторување на делото, влијание на сведоци и опасност од бегство на истата. При вакви ограничување, специјалниот обвинител Катица Јанева нема никакви овластувања да превзема дејствија поврзани со работата и раководењето со СЈО. Затоа фрапирани сме од постапувањето на Министерството за правда, формирање на работни тела, трошење на државни средства и капацитети за одлучување по одлука на СЈО Катица Јанева, која одлука нема никакво правно дејство. Втора причина заради која таканаречаната Наредба на СЈО Катица Јанева (со кое наредува предметите на СЈО да се предадат во надлежност на ЈО ) е незаконита па следствено на тоа нема основ за постапување по истата, е фактот што специјалниот јавен обвинител Катица Јанева, претходно поднесе оставка. Имено според информацијата од официјалниот сајт на СЈО-Специјалната обвинителка Катица Јанева поднесе оставка, која ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат нејзиниот наследник. Во оставката, објавена на сајтот на СЈО, таа вели дека нема да дозволи нејзиното име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на земјата.


ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА ГОНЕЊЕ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА ПОВРЗАНИ И КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД СОДРЖИНАТА НА НЕЗАКОНСКОТО СЛЕДЕЊЕ НА КОМУНИКАЦИИТЕ во член 17 став 1 алинеа 1 предвидел дека „На јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство функцијата му престанува: - По сопствено барање” Согласно ставот 4 од истиот член, подоцна Советот на јавни обвинители само го утврдува престанокот на функцијата во постапка предвидена со чл. 17. Од содржината на член 17 јасно е дека не постои таканаречена УСЛОВЕНА ОСТАВКА. Постапувањето по таканаречената Наредба која е дадена после поднесената оставка е незаконито, односно таканаречената НАРЕДБА нема никаква правна сила!!


Во случајов не може да се применат одредбите од чл. 18 од истиот закон, бидејки во случајов, при ПОДНЕСЕНА оставка, не се спроведува постапка за утврдување на основ за РАЗРЕШУВАЊЕ која е регулирана во член 18 од истиот закон. Во врска со изнесените ставови на експертите Професорот Гордан Калајџиев ( кој учествуваше во работната група која ја формира Министесртвото за правда за да одлучува што со ПИСМОТО-НАРЕДБА од Катица Јанева.) како и на Академик Владо Камбовски...

Професорот Гордан Калајџиев, по завршување на средбата на работната група во Министерството за правда изјави дека ,, МИСЛЕЛ дека е проблематичен правниот однос при превземањето на предметите од СЈО во ОЈО, дека превземањето не било можно и дека би се ,,искомплицирале работите,, со што би им се дала правна можност на адвокатите на одбраната да ја оспоруваат правната издржаност на оваа трансвормација... Академикот Владо Камбовски кој исто така учествувал на консултациите во Миниатерството за правда, излезе со шокантно тврдење дека опцијата-Државниот Јавен Обвинител Јовевски да ги превземе предметите НЕ БИЛА СПОРНА, и дека тоа било ЗАКОНСКИ регулирано, бидејки за таквото превземање постоело Барање од СЈО Катица Јанева како и заради поставеноста на ЈО во Уставот која е заснована на хиерархиска субординираност. За разлика од Професорот Гордан Калајџиев, ние како политичка партија не мислиме туку ЈАВНО ТВРДИМЕ дека не е законито превземањето на предметите од СЈО во ЈО врз основа на ПИСМОТО-НАРЕДАБА од бившиот СЈО Катица Јанева од причини кои подолу ке ги образложиме. Во врска со изјавата дадена од Академик Владо Камбовски, укажуваме дека како политички субјект кој се залага за владеење на правото, не сакаме да дозволиме политички компромиси во правото, затоа што е очигледно дека таквата ПРАКСА во суштина го разградува правниот систем, а не го надградува. На крај би укажале дека согласно правото кое важи и се применува во Република Македонија:


  1. Писмото-Наредба со која поранешниот Јавен обвинител кој раководеше со СЈО, е издадена од лице кое претходно поднесе оставка во смисла на член 17 од погорецитираниот Закон за СЈО и после поднесената оставка (која само треба да ја потврди Советот на јавните обвинители), тоа лице веќе не е специјален Јавен обвинител кој раководи со СЈО за да може да дава согласност во смисла на член 6 ст.5 од истиот закон.

  2. Не постои Барање од ЈО до СЈО за превземање на предмети од надлежност на СЈО, кое Барање е предвидено како услов во наведениот член 6 ст.5 од Законот за СЈО.

  3. Не постои СТВАРНА НАДЛЕЖНОСТ на ЈО за постапување по предметите на СЈО. Имено СТВАРНАТА НАДЛЕЖНОСТ на СЈО е утврдена во член 5 ст. 1 од ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА ГОНЕЊЕ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА ПОВРЗАНИ И КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД СОДРЖИНАТА НА НЕЗАКОНСКОТО СЛЕДЕЊЕ НА КОМУНИКАЦИИТЕ, каде е наведено:,, Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство ќе биде овластен да истражува и гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, како што е дефинирано во членот 2 став (1) од овој закон.,, Од погоренаведената одредба деспорно произлегува ИСКЛУЧЛИВА СТВАРНА НАДЛЕЖНОСТ само на Јавниот обвинител кој раководи со СЈО да постапува во вакви предмети,, Јавното обвинителство нема ваква стварна надлежност и не може да постапува во вакви предмети без законска измена на Законот за јавното обвинителство во кој би била утврдена ваква СТВАРНА надлежност на ЈО.

И согласно чл.5 став 5 од Законот за СЈО, амо оние докази кои ги има Специјалниот јавен Обвинител, а кои не се во обемот и овластувања кои ги има согласно Законот за СЈО, може да го отстапи на Јабниот обвинител на Република Македонија!!! Сите докази за кривични дела кои не се во обемот на овластувањата и надлежностите на јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, или се релевантни за постојни кривични предмети ќе бидат предадени на Јавниот обвинител на Република Македонија и обвинителот кој го води предметот.

GLAS logo
  • Grey Facebook Icon
  • Tweet
  • Глас за Македонија канал

СЕДИШТЕ на ГЛАС за Македонија

Ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

тел.: 071 636 352 

glaszamakedonija@gmail.com

Регионален штаб на ГЛАС за Македонија СКОПЈЕ ИЕ1

ул. Мито Хаџивасилев Јасмин 36, 3/3/5, 1000 Скопје

Канцеларија СТРУМИЦА ИЕ4

ул. Панче Пешев 30,(патеката од Зегин кон детската болница)

Mарика Петровска +389 70 366 733

Канцеларија ШТИП ИЕ3

Ул. Борис Кидрич, деловен простор бр. 22

Мите Митевски +389 76 737 857

Канцеларија КАВАДАРЦИ ИЕ4

Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.47, Кавадарци

Гоце Златев +389 72 932 063

Канцеларија ПРИЛЕП ИЕ4

Ул. 11 Октомври 63 (до фурна „Плетварец”)

Жаклина Дамческа +389 71 209 138

zdamceska@yahoo.com

ДЕНАРСКА СМЕТКА​

Политичка партија „Глас за Македонија” 

ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

Цел на дознака: Донација за Глас Скопје

Комерцијална банка АД Скопје, 

Адреса на банка: Орце Николов 3,

1000 Скопје, Р. Македонија

Сметка бр: 300000004214007

Приходна шифра за донации: 562

ДЕВИЗНА СМЕТКА

Beneficiary: Politichka partija “Glas za Makedonija“, Skopje

Address: Orce Nikolov 155b, 1000 Skopje, Macedonia

Account: 0270100348540­

SWIFT: KOBSMK2X

BANK: Komercijalna banka AD Skopje

Bank adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, R. Macedonia

IBAN MK07300701003485468

© 2019 Глас за Македонија