Престанете да ја замајувате јавноста!

Нека престанат да ја лажат јавноста дека не го знаат датумот за избори. Сè им е договорено! Заев да не се сили дека од утре е кампањата, бидејќи секој писмен човек може да види дека АВМУ уште нема подготвено упатство за претставување по медиумите, а ДИК уште нема ниту претстава за поделба на билбордите во кампањата. Едноставно си играат мајтап со сите. Игранката: „тие божем бараат, ние божем не даваме” јасна ни е одамна.

Затоа, спротивно на сите цивилизирани правила, наместо да се консултираат сите учесници кои се во изборната трка, тајно си се договараат 3 партии. Исто како во Пржино, како за Ката, како за името....како за се друго!!!