Просветителите Кирил и Методиј

Одбележувањето на празникот во чест на светите браќа Кирил и Методиј – 24 Мај е значајно, бидејќи на тој начин оддаваме почит кон нивната севкупна мисионерска и културна работа. За нас, Македонците, солунските браќа се важни како основачи на првата словенска азбука – глаголицата, како учители и просветители. Во основата на глаголицата тие ги поставиле јужномакедонските говори од околината на градот Солун. Исто така, во неа било вградено и стекнатото искуството на Методиј, а потоа и на Кирил, при управувањето на Стримонската склавинија – „словенско кнежевство“. Биле составени и повеќе „книги на словенски јазик“, а во христијанска вера воведени ок. 54.000 луѓе (Краткото Кирилово житие). Иако оваа мисија на браќата, позната како Брегалничка, не била доволна за да се спречи пробивот на Бугарите во македонските источни делови, а нивната дејност била прекината, сепак нивното наследство ќе оживее во текот на последните децении од IX и во почетокот на X век, благодарение на дејноста на нивните ученици Климент и Наум. Тие, напуштајќи ја Моравија, развиле широка духовна и културно-просветителска дејност во родната земја, која во актуелниот момент се наоѓала под бугарска власт. Независно од тоа, Климент и Наум од градот Охрид и неговата околина создале средиште на словенското просветителство и христијанство – познатата Охридска книжевна школа, во која се образовале околу 3500 ученици. Оваа високообразовна школа, прва во словенскиот свет, доследно се придржувала до изворната кирилометодиевска традиција, употребувајќи ја глаголската азбука во писменото општење. Во однос на сесловенскиот атрибут на мисионерската дејност на браќата Кирил и Методиј, клучна е нивната работа што ја реализирале во словенското кнежевство Моравија, почнувајќи ја во 863 г. Оваа мисија е важна за сите словенски народи и е опишана во познатата папска енциклика „Grande Munus“ (1880). На 30 септември 1880 г. папатa Леон XIII го објавил споменатото писмо со кое го вовел чествувањето на светите Кирил и Методиј во целата Католичка црква, заради нивното ширење на христијанското учење среде словенските народи и нивното описменување. Во ова папско писмо, од повеќето податоци за мисионерската работа на браќата, впечаток прави досегот на нивната дејност – „Моравија, Бохемија, Панонија, Босна, Галиција сè до Киев и Московското кнежевство опфаќајќи ги Либурните и Србите... Панонците...Бугарите...Далматинците...Карантанците“, накратко од Словачка до Украина и Русија, како и целиот словенски Балкан. Севкупната мисионерска и културна работа на браќата Кирил и Методиј, родум од Солун (Тесалоника) – „прв град на Македонците“ им ги донела именувањата и епитетите „Еднакви на Апостолите“, „Апостоли на Словените“ и „Заштитници на Европа“. Почетокот на Моравската мисија, 24 мај (11 мај по стар стил), во XI век Црквата го прогласила, за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Овој датум во чест на светите браќа Кирил и Методиј и основачи на првата словенска азбука е државен македонски празник. Нека е честит!




GLAS logo
  • Grey Facebook Icon
  • Tweet
  • Глас за Македонија канал

СЕДИШТЕ на ГЛАС за Македонија

Ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

тел.: 071 636 352 

glaszamakedonija@gmail.com

Регионален штаб на ГЛАС за Македонија СКОПЈЕ ИЕ1

ул. Мито Хаџивасилев Јасмин 36, 3/3/5, 1000 Скопје

Канцеларија СТРУМИЦА ИЕ4

ул. Панче Пешев 30,(патеката од Зегин кон детската болница)

Mарика Петровска +389 70 366 733

Канцеларија ШТИП ИЕ3

Ул. Борис Кидрич, деловен простор бр. 22

Мите Митевски +389 76 737 857

Канцеларија КАВАДАРЦИ ИЕ4

Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.47, Кавадарци

Гоце Златев +389 72 932 063

Канцеларија ПРИЛЕП ИЕ4

Ул. 11 Октомври 63 (до фурна „Плетварец”)

Жаклина Дамческа +389 71 209 138

zdamceska@yahoo.com

ДЕНАРСКА СМЕТКА​

Политичка партија „Глас за Македонија” 

ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

Цел на дознака: Донација за Глас Скопје

Комерцијална банка АД Скопје, 

Адреса на банка: Орце Николов 3,

1000 Скопје, Р. Македонија

Сметка бр: 300000004214007

Приходна шифра за донации: 562

ДЕВИЗНА СМЕТКА

Beneficiary: Politichka partija “Glas za Makedonija“, Skopje

Address: Orce Nikolov 155b, 1000 Skopje, Macedonia

Account: 0270100348540­

SWIFT: KOBSMK2X

BANK: Komercijalna banka AD Skopje

Bank adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, R. Macedonia

IBAN MK07300701003485468

© 2019 Глас за Македонија