РЕАКЦИЈА ПО ПОВОД ЕДНА БИЗАРНОСТ!

ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА е партија создадена пред две години во виорот на настаните за зачувување на македонското име и за вистинска политичка и културолошка преобразба на македонското општество. Патот не ни беше лесен, а и сè уште е таков, но тоа нè прави поцврсти и поупорни да опстоиме и да делуваме во овие нефер политички услови. Ние сме партија, која во ниту еден момент не се обидела да делува лицемерно и безкруполозно. Затоа и сме различни како политички ентитет! Би очекувале непринципиелност кон нас и нашата работа од вистински политички конкурент, но не и од тукушто основна политичка партија по име „Родина“, чии неколкумина претставници секогаш биле добродојдени соговорници во партијата Глас за Македонија. Но, секое чудо за три дена, а овој политички ентитет во еден скорешен напис, нè прогласи за негов политички конкурент (навистина чудно!) и се осмели да нѝ ја мери гласноста во јавноста за случај кој е недоволно познат за нив!? Нашата скромност во делувањето нѝ е доблест и затоа многу постапки, како и онаа околу случајот за г-от Љ. Палевски не сме ги обзнаниле! Но, заради вистината, која ѝ е недоволно позната на „Родина“, ќе споменеме дека од септември минатата година до сега, како партија, но и индивидуално, бевме многу упорни и гласни каде што беше потребно – пред институции и диполматски претставници, со семејството и одбраната, материјално и духовно! Затоа, драга „Родино“ немој да изведуваш политички егзебиции врз партијата „Глас за Македонија“! Насочете ја вашата енергија кон вистинските предизвици и проблеми, а не со измислици, навреди и бесмислици да се залетувате во етерот и тоа баш против Глас за Македонија, побизарно од тоа, здравје!