Реакција против најновите бугарски негирања!

ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА најенергично протестира на најновите бугарски негирања на македонскиот народ и нанеговите - историја, јазик, литература и култура. Најостро ги осудуваме безобѕирните невистини изнесени во „Објаснувачкиот Меморандум“ за македонската историја и за македонскиот јазик од страна на соседна Бугарија. Овој документ е антицивилизациски преседан со кој се засегнува сувереното право на посебен историски развој и опстој на македонскиот народ. Исто така, ова покажува дека не е можна каква било европска перспектива, врз основа на асиметричните и штетни договори – Договорот за добрососедски односи со Бугарија (2017) и Преспанската спогодба со Грција (2018). Воедно, ја осудуваме и сè позачестената практика за бугаризирање на македонската историја и јазик, особено на значајните историски личности - светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, светите Климент и Наум, браќата Миладиновци, Григор Прличев и Гоце Делчев. Тие влегуваат во основата на посебниот македонски историски развој. Особено, посегнувањето по Гоце Делчев значи дa се зaсени и уништи мaкедoнскиoт aтрибут вo нaрoднaтa мемoријa, историја и достоинство! Затоа не мoже да стане збор за какво било политичко и историографско пaзaрење.

ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА нагласува, историјата на македонскиот народ, неговиот идентитет, јазик, култура, не смеат да бидат предмет на политички диктат и влијание. Тие имаат суштинско значење и неограничена вредност, која треба без задршка да се брани и штити, без двоумење и какво било отстапување!