СООПШТЕНИЕ



Партијата „Глас за Македонија“ се обраќа до македонската јавност со огромна загриженост и негодување заради актуелната огнена стихија!


Во моментов се случува пожар со катастрофални последици во околината на езерото Младост, гори шумата и целиот растителен свет, а засегнати се и животните, горат објеки, индивидуални и угостителски. Гори македонското национално богатство и државно добро, како последица на неспособноста, негрижата, незнаењето и суетата на задолжените и повиканите луѓе да се справат со ваков вид на несреќа!


А, како ќе се справат, кога тоа се, пред сè луѓе поставени заради нивната партиско-политичка определба и припадници на нео-владеачката класа, која не ги познава и не ги признава македонските национални и државни интереси.


Горат и селата во охридскиот крај и други! За да може да се превенираат и спречат вакви природни катастрофи и материјални трошоци, потребни се луѓе со способност, знаење, совест, морал и секако дух за општото и националното добро и богатство. Што направи Павле Трајанов - националниот кооординатор за имплементација на националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи во земјава или пак Агрон Буџаку - директорот на Центарот за управување со кризи? „Глас за Македонија“ бара итно и соодветно спречување на огнената катастрофа, но и кривична, материјална и морална одговорност од посочените личности од соодветните институции и од истите такви од оваа област.


Ова е реалниот живот во македонската држава и заради тоа бараме како партија ОСТАВКА од членовите во Владата, од членовите-избраници во СОБРАНИЕТО и одговорност од највисок степен од претставниците на трите власти!