СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА



Глас за Македонија, во заедништво со мнозинството Македонци овде, со македонското малцинство во соседните држави и дијаспората низ светот, не ја прифаќа капитулацијата на Зоран Заев како свршен чин! Ова е само една битка, во војна која мораме да ја добиеме, затоа што овој историски, политичко-дипломатски преседан, не може и не смее да стане траен , предавнички печат на еден народ, кој државата ја создал со визии и крв на бројни генерации.

Вчерашниот ден ќе биде запишан како најсрамниот во поновата историја на Македонија. Со комплекс на инфериорност што се обидува да му го наметне и на македонскиот народ, а како возврат за шансата да биде премиер, Зоран Заев всушност соопшти дека со договорот со Ципрас, му ги исполни сите желби на нашиот јужен сосед за обезличување, обезименување и одземање на минатото и иднината на македонскиот народ!


Дно на еден мачен дипломатски процес, во кој Грција лукаво, конечно успеа да ја легализира кражбата на македонска територија од 1913 година, во пакет со сечењето на корените на нашата историја, традиција, идентитет.


ГЛАС порачува, да не брзаат државите кои не не’ признале под уставното име, со прифаќање на новодоговореното на Заев-Ципрас!

Глас за Македонија ги повикува граѓаните, граѓанските здруженија, политичките партии кои сакаат да го сочуваат името и достоинството на нашата држава, да се обединат во еден промислен и истраен процес, чија крајна цел е, да се спречи овој договор да стапи на сила!


ГЛАС порачува, дека не смее да им се подлегне на замената на тезите, па предавството и подаништвото да се прикажува како лидерски, историски чин! Лидерство е да ја градите земјата чесно, со сопствени сили, како рамноправен партнер со Европа и светот, да го мотивирате народот со идеи и труд да се избори за подобар живот и почит од соседите и од меѓународната заедница!


Во таа смисла, го поддржуваме Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во намерата да го искористи уставното право/и должност - да не го потпише указот, доколку договорот Заев-Ципрас стигне во македонското Собрание и пратениците изгласаат ратификација („при чиста свест и со мирна совест“).


Глас за Македонија, очекува МАНУ и сите врвни државни институции да ја преземат одговорноста за се’ што може да се случи доколку договорот се реализира и Република Македонија влезе во „црната дупка“, ископана од владејачката елита и соработниците!

Глас за Македонија синоќе излезе на спонтаниот протест пред Собранието на Македонија, а ќе продолжи и на секој начин со граѓаните истомисленици да го изразува спротивставувањето на погубната политика маскирана во розови ветувања за поубав живот и иднина, се’ до паѓањето на власта на предвремени парламентарни избори!

GLAS logo
  • Grey Facebook Icon
  • Tweet
  • Глас за Македонија канал

СЕДИШТЕ на ГЛАС за Македонија

Ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

тел.: 071 636 352 

glaszamakedonija@gmail.com

Регионален штаб на ГЛАС за Македонија СКОПЈЕ ИЕ1

ул. Мито Хаџивасилев Јасмин 36, 3/3/5, 1000 Скопје

Канцеларија СТРУМИЦА ИЕ4

ул. Панче Пешев 30,(патеката од Зегин кон детската болница)

Mарика Петровска +389 70 366 733

Канцеларија ШТИП ИЕ3

Ул. Борис Кидрич, деловен простор бр. 22

Мите Митевски +389 76 737 857

Канцеларија КАВАДАРЦИ ИЕ4

Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.47, Кавадарци

Гоце Златев +389 72 932 063

Канцеларија ПРИЛЕП ИЕ4

Ул. 11 Октомври 63 (до фурна „Плетварец”)

Жаклина Дамческа +389 71 209 138

zdamceska@yahoo.com

ДЕНАРСКА СМЕТКА​

Политичка партија „Глас за Македонија” 

ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

Цел на дознака: Донација за Глас Скопје

Комерцијална банка АД Скопје, 

Адреса на банка: Орце Николов 3,

1000 Скопје, Р. Македонија

Сметка бр: 300000004214007

Приходна шифра за донации: 562

ДЕВИЗНА СМЕТКА

Beneficiary: Politichka partija “Glas za Makedonija“, Skopje

Address: Orce Nikolov 155b, 1000 Skopje, Macedonia

Account: 0270100348540­

SWIFT: KOBSMK2X

BANK: Komercijalna banka AD Skopje

Bank adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, R. Macedonia

IBAN MK07300701003485468

© 2019 Глас за Македонија