СО АМИН НА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ И ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ГРАДОТ СКОПЈЕ ОСТАНУВА БЕЗ САЕМ

    Вечерта на 31 мај се одржа свечена манифестација по повод поставувањето на камен-темелник на новиот станбено-деловен и комерцијален комплекс „East gate“ (Источна порта) кој ќе започне да се гради на просторот на Скопскиот саем. Преку присуството на премиерот Зоран Заев и неговото обраќање на овој настан, но и во текот на телевизискиот дуел една недела претходно се направи обид овој градежен зафат да се прикаже како дел од градежниот бум кој ќе придонесе за подем на градежништвото и раст на националната економија изразен преку порастот на бруто-домашниот производ. Едновремено, најавениот комплекс премиерот Заев го претстави како „ново мало чудо“ и „здание што ќе го краси главниот град на Македонија“.

    Партијата ГЛАС за Македонија во принцип ги поздравува приватните иницијативи кои треба да придонесат кон модернизација на главниот град, но уште еднаш реагира дека какви било приватни проекти не смеат да се развиваат на штета на јавниот интерес на граѓаните на Скопје и Македонија. Имено, не смее да се дозволи изградбата на нови архитектонски целини врз темелите на постојните објекти на Скопскиот саем, единствен од таков тип во земјата. Неговото рушење, спротивно на какви било цивилизациски правила и на концептот на владеење на правото, ќе претставува варварски чин на бришење од ликот на градот на уште еден симбол на постземјотресната модерна во Скопје (слично како и рушењето на стоковната куќа „БЕ-КО“), но и лишување на градот и неговите граѓани и на бројните деловни субјекти од можноста за одржување на вообичаените саемски манифестации. Најавениот шопинг-центар и придружните деловни објекти во никој случај не можат да бидат супститут за космополитскиот дух на Скопскиот саем, кој некој сега сака да го угаси со амин од корумпираните власти. Изградбата на новите објекти не смее да се дозволи на штета на бришење на колективната меморија преку рушење на докажаните архитектонски зданија, а уште помалку за сметка на целосно оставање на градот без простор за саеми, конгреси, конференции, концерти и други јавни манифестации. Наспроти тоа, Скопје нема потреба од нови згради, станови и шопинг-„молови“, во ситуација кога градот е соочен со реален вишок од непродадени станбени и деловни единици.

    Партијата ГЛАС за Македонија смета дека при издавањето на одобренијата за градење на овој комплекс не била направена соодветна проценка на потребите на градот, ниту, пак, биле консултирани соодветни експерти. Постојат сериозни сомнежи во поглед на евентуални коруптивни дејствија кои му претходеле на издавањето на одобренијата за градење на просторот на Скопскиот саем, како од страна на претходните градски и општински власти, така и од страна на сегашните градоначалници на Градот Скопје и Општина Гази Баба, кои не најдоа за сходно да ги преиспитаат претходните одлуки иако имаа законска можност, но и доволно време по нивното стапување на власт по локалните избори во октомври 2017-та.

    Поради тоа, ГЛАС за Македонија апелира до надлежните привремено да се запре расчистувањето на просторот и да се оневозможи рушење на постојните објекти, а на инвеститорот да му се понуди друг алтернативен простор надвор од опсегот на Саемот, или, пак, во најмала рака изградбата на новиот комплекс да се дозволи само под услов одобрените проектни и изведбени планови да се ревидираат на начин што во негови рамки би се вклопил и постојниот саемски комплекс.

    На граѓаните на Скопје не му се потребни политичари кои зад нивниот грб ќе аминуваат приватни проекти, туку личности со интегритет кои ќе имаат храброст и доблест успешно да балансираат меѓу јавниот интерес на градот и неговите жители, и приватниот интерес на бизнис заедницата, секогаш давајќи му првенство на јавното добро. Во современите европски демократии на кои се повикуваат и кои се членки на Европската унија невозможно е рушење на постојни, функционални објекти без постоење на издржана причина за тоа, а прашањето за намената на одреден простор задолжително поминува низ јавна дебата со целосна вклученост на граѓаните, архитектите и стручната јавност и предмет на референдумско изјаснување. Ништо од тоа не е сторено во случајот на Скопскиот саем. Иако оваа власт остро ги критикуваше бизнис зделките на претходната и постојано се фали за наводната нејзина транспарентност, таа на ниту еден начин не манифестираше интерес овој проект да го постави на јавна дебата, пред да пристапи кон потврдување на сомнителните одлуки на претходната власт. Уште повеќе, сведоци сме на невиден молк на експертската јавност и граѓанските организации, истите оние кои реагираа на слични небулозни градежни зафати во претходните години.

    Затоа, партијата ГЛАС за Македонија ги повикува и охрабрува граѓаните, истите оние граѓани кои го гушкаа Градскиот трговски центар за да го спасот од барокот да излезат на просторот кај Скопскиот саем, како и пред канцелариите на нивните градоначалници и советници и јасно и гласно да кажат НЕ на обидите за узурпација на јавните простори и газење по историјата на модерно Скопје. Со тоа тие ќе покажат дека не се соучесници во новиот урбан злостор кој се најавува во метрополата. ГЛАС за Македонија ќе биде секогаш отворена за да ги поддржи искрените граѓански иницијативи и да застане во одбрана на градот од неговите навидум „модерни и цивилизирани“ окупатори.

    #urbanizam, #skopje, #urbanamafija, #gragjani, #GTC

    GLAS logo
    • Grey Facebook Icon
    • Tweet
    • Глас за Македонија канал

    СЕДИШТЕ на ГЛАС за Македонија

    Ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

    тел.: 070 542 005 

    glaszamakedonija@gmail.com

    Регионален штаб на ГЛАС за Македонија СКОПЈЕ ИЕ1

    ул. Мито Хаџивасилев Јасмин 36, 3/3/5, 1000 Скопје

    Канцеларија СТРУМИЦА ИЕ4

    ул. Панче Пешев 30,(патеката од Зегин кон детската болница)

    Mарика Петровска +389 70 366 733

    Канцеларија ШТИП ИЕ3

    Ул. Борис Кидрич, деловен простор бр. 22

    Мите Митевски +389 76 737 857

    Канцеларија КАВАДАРЦИ ИЕ4

    Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.47, Кавадарци

    Гоце Златев +389 72 932 063

    Канцеларија ПРИЛЕП ИЕ4

    Ул. 11 Октомври 63 (до фурна „Плетварец”)

    Жаклина Дамческа +389 71 209 138

    zdamceska@yahoo.com

    ДЕНАРСКА СМЕТКА​

    Политичка партија „Глас за Македонија” 

    ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

    Цел на дознака: Донација за Глас Скопје

    Комерцијална банка АД Скопје, 

    Адреса на банка: Орце Николов 3,

    1000 Скопје, Р. Македонија

    Сметка бр: 300000004214007

    Приходна шифра за донации: 562

    ДЕВИЗНА СМЕТКА

    Beneficiary: Politichka partija “Glas za Makedonija“, Skopje

    Address: Orce Nikolov 155b, 1000 Skopje, Macedonia

    Account: 0270100348540­

    SWIFT: KOBSMK2X

    BANK: Komercijalna banka AD Skopje

    Bank adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, R. Macedonia

    IBAN MK07300701003485468

    © 2019 Глас за Македонија