МИСИЈА

”Време е ова општество да биде пример за прогрес, економска стабилност и квалитетен живот. Свои на своето. 

 

Македонија може и мора многу повеќе од ова, може и ќе биде успешна приказна и затоа стојам цврсто пред сите вас, за да го повикам лидерот во секој од вас и здружно да ја изградиме одново Татковината. На Македонија и се потребни сите кои ќе дишат и ќе заспиваат со мислата како да го направат своето општество подобро, тргнувајќи секој од себе. 

 

Во нашaтa партија или движење се добредојдени сите граѓани кои се спремни да и бидат лојални на оваа држава, сите оние кои Република Македонија ја чувствуваат како нивна единствена татковина, сите оние на кои државата им е на прво место, а не личните интереси . 

 

Јас го формирам „Глас за Македонија” не за да ви овозможам начин на решавање на вашите лични проблеми, туку да ве повикам на семакедонско и сеграѓанско движење за да завртиме нова страница во историјата на нашата држава. Партиите веќе не смеат да бидат фирми со неограничена одговорност. Партиите се да дадат свој придонес во уредувањето на државата и тоа е единствениот нивен легитимен натпревар. Ве повикувам на борба со ум, со работа и со срце. За подобар живот на сите нас и на сите после нас. 

 

Ајде да го кренеме својот поглед , да застанеме обединето , гордо , цврсто и самостојно и да одлучиме сами за својата судбина. 

 

Да ни е со среќа нашиот Глас за Македонија,

Да ни е вечна Република Македонија.

 

Извадок од говорот на
Проф. д-р Солза Грчева, оснувач и претседател

GLAS logo
  • Grey Facebook Icon
  • Tweet
  • Глас за Македонија канал

СЕДИШТЕ на ГЛАС за Македонија

Ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

тел.: 071 636 352 

glaszamakedonija@gmail.com

Регионален штаб на ГЛАС за Македонија СКОПЈЕ ИЕ1

ул. Мито Хаџивасилев Јасмин 36, 3/3/5, 1000 Скопје

Канцеларија СТРУМИЦА ИЕ4

ул. Панче Пешев 30,(патеката од Зегин кон детската болница)

Mарика Петровска +389 70 366 733

Канцеларија ШТИП ИЕ3

Ул. Борис Кидрич, деловен простор бр. 22

Мите Митевски +389 76 737 857

Канцеларија КАВАДАРЦИ ИЕ4

Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.47, Кавадарци

Гоце Златев +389 72 932 063

Канцеларија ПРИЛЕП ИЕ4

Ул. 11 Октомври 63 (до фурна „Плетварец”)

Жаклина Дамческа +389 71 209 138

zdamceska@yahoo.com

ДЕНАРСКА СМЕТКА​

Политичка партија „Глас за Македонија” 

ул. Орце Николов 155 б, 1000 Скопје

Цел на дознака: Донација за Глас Скопје

Комерцијална банка АД Скопје, 

Адреса на банка: Орце Николов 3,

1000 Скопје, Р. Македонија

Сметка бр: 300000004214007

Приходна шифра за донации: 562

ДЕВИЗНА СМЕТКА

Beneficiary: Politichka partija “Glas za Makedonija“, Skopje

Address: Orce Nikolov 155b, 1000 Skopje, Macedonia

Account: 0270100348540­

SWIFT: KOBSMK2X

BANK: Komercijalna banka AD Skopje

Bank adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, R. Macedonia

IBAN MK07300701003485468

© 2019 Глас за Македонија